Бејли: Силната опозиција е клучна за една демократија

Американскиот амбасадор Џес Бејли вечерва оцени дека е многу важно што ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Парламентот, како водечка опозициска партија. - Силна, активна опозиција во Парламент која ќе разговара за закони е клучна за една демократија, посебно за една европска демократија - рече Бејли во интервју за 24 Вести. Што се однесува до процесот на реформи, тој рече дека не е...

Мојсовски предлага Гонзалес да има и македонски тренер за помошник

Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски, на денешната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), даде предлог во тимот на селекторот да има задолжително и еден македонски тренер. Според Мојсовски, кој сега е член на Управниот одбор, нашите ракометни стручњаци би стекнале искуство и би можеле да учат од врвни ракометни тренери. - Раул Гонзалес е врвен тренер и...

Шефот на грчката дипломатија пристигна во Охрид

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас попладнево допатува во Охрид. Предвидено е тој вечерва да има работна вечера со неговиот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, додека официјалниот дел од средбата е предвиден за утре. Разговорите утре во Охрид ќе бидат продолжение на преговорите за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. И...

Пелистер и Шкендија пак ќе се борат за трофејот во Купот

Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, Пелистер, е вториот патник во финалето откако со 3-2 на пенали ја совлада Академија Пандев во реванш натпреварот од полуфиналната фаза. Првиот натпревар заврши со предност од 2-1 за Пелистер, но на реваншот Академија Пандев успеа да дојде до победа со идентични 2-1. Битолчани поведоа во 62. минута со голот на Благојче Марковски,...

Балканот стана терен за тестирање на новата Студена војна

Русија, наводно, го проширува своето влијание, зголемувајќи ги етничките тензии во балканските држави кои сакаат да и се приклучат на Европската унија, со што го поттикна Брисел да размислува за проширување на ЕУ, а го привлече и вниманието на Вашингтон околу можните безбедносни ризици за членките на НАТО, според аналитичарите упатени во политичката состојба, пишува „Њујорк тајмс“. - Балканот стана...

Финансиска полиција внимава да не ја наруши истрагата за случувањата со владиката Петар

Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката г. Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста. - Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар, кога истрагата ќе биде...

Усогласени најавените измени на Законот за судовите

Реформските измени и дополнувања на Законот за судовите, кој се очекува Собранието да го изгласа утре, ја имаат поддршката и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. За Министерството за правда бил непифатлив само делот што се однесува на дисциплинската одговорност на судиите. Како што беше истакнато на денешната јавна расправа во Собранието организирана од Комисијата за политички систем и односи...

Ракометарите ќе имаат дополнителен мотив против Романија

На денешната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше одлучено ракометарите да бидат наградени со 30.000 евра, доколку изборат пласман на Светското првенство во 2019 година, што ќе се одржи во Германија и Данска. Новост е дополнителниот бонус од десет илјади евра, ако Македонија ја совлада Романија на двата бараж натпревари. Средбите со Романија се играат на...

Британскиот воен брод во Јапонија го зголемува притисокот врз Северна Кореја

Британски воен брод доплови во Јапонија за да го засили притисокот за спроведување на санкциите на Обединети нации кон Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. Бродот на Кралската морнарица вплови во Јокошуку и ќе набљудува дали има забранета морска трговија со Северна Кореја, што претставува најголем извор на финансирање на нуклеарната програма на Пјонгјанг. Фрегатата ќе го набљудува морето околу Северна...

Русија ќе распоредува воена полиција во Дума

Руските вооружени сили денеска соопштија дека ќе испратат воена полиција во сирискиот град Дума, со цел да се зачува мирот. - Од утре, единици на руската воена полиција ќе бидат донесени во Дума со цел сигурност и обезбедување на законот и редот, како и за организирање помош за локалното население - изјави висок руски офицер Виктор Пожникир на брифинг во...