Популацијата во Западна Европа расте на штета на Источна
Бројот на населението во Западна Европа значително се зголемува благодарение на миграцијата, додека Источна Европа има проблем со демографијата поради заминувањето на граѓаните, потенцираат од Австриската академија на науките (OEAW) и виенскиот центар Витгенштајн.
Тие анализирале развојот на население во Европа во периодот меѓу 1990 и 2017 година, земајќи ги предвид природниот демографски развој и миграцијата.
Дошле до заклучоци дека во...
Бензините поевтинуваат
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 71 денар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 73, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 63,50 денали за литар.
За 0,50 денари поевтинува Екстра лесното...
САД ќе и постави временска рамка со барања на Северна Кореја
САД наскоро на Северна Кореја ќе и претстават временска рамка, која ќе содржи специфични барања, по историскиот самит меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, изјави неименуван американски претставник на одбраната.
Официјалното лице, кое се обратило на мала група новинари пред заминување на турнеја низ Азија на министерот за одбрана Џејмс Матис, не прецизираше детали, но рече дека временскиот рок ќе...
Шекеринска со писмо во НАТО бара поддршка за Македонија
По постигнувањето на договорот со Грција, министерката за одбрана Радмила Шекеринска испрати писмо до министрите за одбрана на 29-те земји-членки на НАТО, во кое од нив бара поддршка за Македонија на самитот на Алијансата во јули да добие покана за членство во НАТО. Како што соопшти Министерството за одбрана, со некои од нив Шекеринска имала и телефонски разговори.
Во писмото...
Заев: Јас сум непоправлив оптимист и верувам дека референдумот ќе успее
Премиерот Зоран Заев во интервју за белградскиот весник „Политика“ изјави дека патриотска должност на секој политичар, посебно на секој премиер, е да се грижи за интересите на граѓаните, кои му ја дале довербата и за интересите на државата. Одговарајќи на прашање како се чувствува по потпишувањето на договорот со Грција, тој вели дека е подготвен на лидерство, да води...
Територијализација на националниот мит
Независно од тоа дали тие нам ни се допаѓаат, дали се кич или врвна уметност..., спомениците подлежат под Законот за авторско право. И како современ авторски труд, тие претставуваат одредено уметничко гледиште, или интерпретација на уметникот. Во краен случај, тоа уметничко гледиште може да биде и пародија, потсмевање со историјата. Членот 8 од Преспанскиот договор е совршена илустрација за...
Помпео побара од Франција да не ја блокира Македонија за НАТО и за ЕУ
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, побара од Франција да не го блокира пристапувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ. Во разговор со шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, Помпео побарал по постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина, Париз да ги поддржи аспирациите на Македонија за членство во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, пренесе...
Зголемен интересот за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања
Вкупно 1.300 работници ги исполниле условите и добиле ваучери за субвенциониран годишен одмор од пријавените над 1.900 на огласот од 2 април до 31 мај годинава.
Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, со оглед дека со оваа бројка ќе бидат исцрпени 20 милиони денари од предвидените 30, распишан ќе биде уште еден оглас кон крајот на август....
Прскање против комарци утре во Охрид
Центарот за јавно здравје Охрид утре ќе спроведе теристичка дезинсекција против комарци.
Запрашувањето од земја, како што информира општина Охрид, ќе се врши во периодот од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид од река Грашница до Коселска Река.
Од...
САД му забранија влез на Хавиер Солана
САД му забранија влез во земјата на Хавиер Солана, поранешен генерален секретар на НАТО и екс министер за надворешни работи на Шпанија, поради патување во Иран, една од земјите, која американскиот претседател Доналд Трамп ја стави на својата „црна листа".
На Солана, кој треба да одржи говор во институтот Брукингс во Вашингтон, му е одбиена американската виза преку електронскиот систем...






































