Се презакажува прскањето против комарци во Охрид поради најавите за дожд

Се презакажува најавената дезинсекција против комарци од утре за наредните денови, поради најавите за дожд и ветер. Центарот за јавно здравје од Охрид информира дека најавената дезинсекција од земја ќе се реализира во среда, четврток и петок во периодот од 20 до 6 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со прскањето ќе бидат опфатени територии на општините Охрид, Дебрца, Вевчани,...

Повредени 12 странски државјани во сообраќајка кај Радовиш

Во тешка сообраќајка на патниот правец Штип-Радовиш повредени се 12 лица од Бангладеш и Шри Ланка. Од Штипската клиничка болница потврдија дека се примени 12 повредени од сообраќајката и се прегледани од хирург и ортопед. Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев изјави дека по извршените прегледи и добиени снимки ќе се утврди кои од повредените ќе бидат задржани на болничко лекување. Како што...

Захариева: Никој не е против европската перспектива на Западен Балкан, прашањето е кога, а не дали

Бугарија утре пред Советот на ЕУ ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети да започнат преговори за влез во Европската Унија. Позицијата на Македонија е посилна од онаа на Албанија, истакна денеска вицепремиерката на Бугарија Екатерина Захариева.  Како што пренесе БТА, Захариева посочила дека повеќето земји членки го поддржуваат ставот веднаш да биде упатена поканата за почеток на преговори,...

Манчевски: Формирање на нова регионална академија за кибер безбедност

Формирање на нова регионална академија за кибер безбедност со седиште во Скопје, предложи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за време на сесијата посветена на официјалниот старт на Дигиталната агенда за Западен Балкан на Дигиталното собрание 2018, што денеска и утре се одржува во Софија. - Ова е нешто што го разговаравме и може да ги зголеми капацитеите...

Се одржа петтиот Мултикултурен ден во Кичево

Во присуство на голем број гости и граѓани на Кичево, во Центарот за култура во овој град, се одржа петтиот Мултикултурен ден. Најпрво во холот од Центарот за култура беа претставени носии од сите националности кои живеат во оваа општина, така присутните можеа да ги видат македонската, албанската, турската, ромската, влашката и српската носија, со сите особености кои ги...

Европратениците гласаа за „нуклеарната опција“ против Унгарија

Европратениците од комисијата за правда и слободи на Европскиот Парламент со 37 гласа „за“ и 19 „против“ гласаа за активирање на членот 7 од Лисабонската повелба против Унгарија. Членот 7, попознат како „нуклеарната опција“ на ЕУ, предвидува суспендирање на правото на глас на една земја членка во ЕУ. Доколку овој член се активира, прво и се испраќа предупредувања на засегнатата...

Падна снег на планина во Словенија

На планинскиот врв Кредарица во Словенија утрово падна снег. Иако календарски стаса летото, температурите на Балканскиот Полуостров се пониски од вообичаено за овој период на годината. Објектите кои се наоѓаат на врвот Кредарица кој е на 2.515 метри надморска височина се во целост под снег. Највисока температура на Кредарица е измерена на 27 јули 1983 година и изнесувала 21,6 степени, а...

На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска

Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април. Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата...

ЕУ наложи санкции за претставници на Венецуела и Мјанмар

Европската унија одлучи да воведе нови санкции против власта во Венецуела како одговор на бројните неправилности констатирани на априлските претседателски избори, на кои победи Николас Мадуро. Санкциите се воведуваат за 11 претставници на Венецуела, вклучително и за Делси Родригез, потпретседателка на Венецуела, како и еден министер и еден висок претставник на Националниот изборен совет, се прецизира во соопштението на Советот...

Роналдо и Реал Мадрид се уште без договор

Меѓу раководството на Реал Мадрид и Кристијано Роналдо продолжува да има сериозни финансиски разлики и двете страни не можат да постигнат договор за продолжување на соработката со португалскиот фудбалер. Роналдо е категоричен во својата желба да добие плата од преку 30 милиони евра, но во исто време Реал Мадрид не е подготвен да му ја обезбеди. Португалецот веќе е четврти по...