Приватни извршители ги малтретираат должниците

Според статистичките податоци на Еуростат, околу 34 отсто од бугарските граѓани имаат проблеми со редовна исплата на нивните долгови. Грција е последна, со околу 47 отсто, објави БТВ. Повеќето од должниците имаат тешкотии со навремено плаќање на ратите за хипотекарни кредити, кирии и сметки за комунални услуги. Според Комитетот на потрошувачи во Бугарија, просечниот долг на граѓаните се зголемил за...

Трудовата инспекција по налог на Заев ќе влезе во верските заедници

Трудовата инспекција лично од премиерот Зоран Заев ќе добие налог да провери дали верските заедници ги почитуваат законските обврски од аспект на плаќање даноци и придонеси. Ова го истакна претседателот на Владата Зоран Заев, откако пратеникот Мухамед Зеќири на собраниска седница праша дали трудовата инспекција некогаш ќе влезе во Исламската верска заедница (ИВЗ) да провери дали им се плаќа инвалдиско и пензиско осигурување...

Белград посакува компромис со Приштина

Зборот „компромис“ го обележува финишот на дијалогот меѓу Србија и Косово, но останува нејасно што подразбираат српските политичари под овој термин Зборот „компромис“ сѐ повеќе се користи од официјалните лица на Србија во ситуациите кога разговараат за решавање на косовскиот проблем. Овој збор го обележува финишот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но останува нејасно што се подразбира под овој...

Утре почнува прскањето против комарци во Скопје

Од утре до сабота, во периодот меѓу 23 и 4 часот, во Скопје ќе се спроведе првата фаза од прскањето против комарци. Ако временските услови не ја дозовлуваат предвидената дезинсекција, процесот ќе се изврши кога ќе бидат поволни. Градот Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во штипско возило откриени 12 мигранти

Дванаесет лица од Пакистан и шест од Авганистан се откриени доцна синоќа во возило со штипски регистарски ознаки кое сообраќало на регионалниот пат Неготино - Радовиш, во близина на полигонот кај село Пепелиште. Како што соопшти МВР, станува збор за патничко возило „Опел Синтра“ кое полициски службеници околу 00:20 часот се обиделе да сопрат, но возачот нагло запрел и побегнал,...

Нормализиран железничкиот сообраќај Велес – Битола

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола, кој поради сообраќајна несреќа беше во прекин од утрово, е нормализиран, информираат од Железничката станица во Велес. Возот на релација Скопје-Битола преку Велес веќе е на пат кон Битола и ја поминал Железничката станица кај Чашка. Поради сообраќајната несреќа наместо во 10.20 во Битола возот ќе пристигне околу 14 часот. Железничката несреќа во која автомобилот удрил...

Се подготвува стационар за третман на кучиња скитници во Гостивар

Градоначалникот на Гостивар најави дека еден од објектите на старата касарна ќе се користи за стационар за згрижување на бездомни кучиња. Треба да се градат посебни „боксови“ каде ќе се сместуваат и третираат животните. Веќе се составува и екипата во која ќе има и стручни лица. -За заловување ќе биде задолжена шинтерска служба, а за вакцинирање, стерилизирање и обележување на...

Зголемен бројот на корисници на Интернет, стагнација на Фејсбук

Во Македонија Интернет користат околу 1,5 милион лица или 75,9 отсто од населението, а милион (48 отсто) се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб-сајт „Интернет ворлд стат“. Кај бројот на интернет-корисници, споредено со крајот на октомври лани, има зголемување за 80.000, а нема промени кај податокот за корисници на Фејсбук. Од земјите во регионот повеќе од...

Бебе оставено пред Домот за доенчиња во Битола

Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.  Бебето е пронајдено вчера во 23:45 часот од страна на З.Б. (50) од Битола.  За случајот е известен Центарот за социјални работи во Битола по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б.. Новороденчето е оставено во Домот...

Осумгодишно дете од Слупчане прегазено со автомобил

Осумгодишно дете од кумановското село Слупчане е повредено откако во него удрил автомобил „опел корса“. Детето со тешки телесни повреди е пренесено во Општата болница во Куманово од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  Несреќата се случила вчера околу 15 часот на локалниот пат од село Слупчане до село Руница....