Се преврте сканија на магистралниот пат Крива Паланка -Куманово

Камион Сканија со скопски регистарски ознаки се преврте на магистралниот пат А2, Крива Паланка -Куманово, кај село Псача. Според податоците од СВР Куманово, сообраќајната незгода е пријавена во полиција во 12 часот и 20 минути. - Со товарното моторно возило управувал М.С., роден 1961 година. Движејќи се во правец од Крива Паланка кон Куманово, од засега непознати причини возачот изгубил контрола...

Првиот крах на „Војна на ѕвездите“

Ни искусниот режисер не успеа да го спаси филмот за авантурите на младиот Хан Соло Понекогаш и Рон Хауард пцуе. Да, во повеќето од времето, овој 64-годишен режисер е фин, пристоен, добродушен тип што глуми и снима со децении. Тој е докажан режисер на филмовите како што се „Аполо 13“ и „Прекрасен ум“. Но на прашањето зошто се одлучил за „Соло:...

Бесплатно болничко лекување за сите од 1 јануари 2019

Од 1 јануари 2019 година бесплатно болничко лекување за сите граѓани, најави премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања. - Истовремено таргет што е поставен пред нас во здравството е од 1 јануари 2019 година да воведеме бесплатното болничко лекување за сите граѓани. Досега имавме капацитет тоа да го направиме за дечињата на примателите на социјалната помош -...

Со моторна пила до скулптури од дрво

Во хрватски Иванец на фестивал без класични вајарски длета учествуваше и една жена На четвртото издание на „Хрватскиот вајарски фестивал со моторна пила“, кој се одржа во тамошниот град Иванец, првпат учествуваше и една скулпторка, Хелена Рисмондо од Смледник, Словенија. Фестивалот е одржан во паркот на старото училиште „Салиновец“, на 16 и 17 јуни, а својата умешност во работата со...

Поплавска го поставува „Либертанго“ на балетската сцена

Во рамките на фестивалот „Скопско лето“ на 6 јули (петок) на сцената на МОБ ќе биде изведена балетската претстава „Либертанго“, по музика на Астор Пјацола и кореографија на Сабрина Боско (Италија). Режијата и либретото се на Наташа Поплавска, сценографијата и костимите на Александар Ношпал. Во претставата настапуваат: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Мими Поп Алексова Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа...

Турската компанија ЕМРЕ наскоро ќе започне со градба на две сончеви електрани во Порече

Турската компанија ЕМРЕ наскоро ќе почне со градба на две сончеви електрани на парцелата во Порече, што ја купи пред три години, потврди менаџментот од оваа компанија, при последната посета на локалитетот каде ќе никнат новите централи во близина селото Инче. -Имаме навистина многу причини за задоволство, бидејќи долго најавуваните фитоволтаични централи во нашата општина конечно ќе почнат да се градат. Токму...

Ана Темкова сѐ уште слика

Изложбата „Фемина 8“ посветена на сликарката и професорка во пензија укажа дека таа не само што не е заборавена, туку дека им е потребна и на младите генерации   Во центарот на вниманието на отворањето на осмата едноподруго изложба од веќе етаблираниот ликовен проект „Фемина“, очекувано беше ликовната уметница и професорка во пензија, Ана Темкова. Опкружена со сликарки од помладите генерации,...

ОН: Од југозападна Сирија побегнаа над 270.000 луѓе

Поради ескалација на борбите во југозападна Сирија, последните две недели бројот на раселени лица во тој дел од земјата се искачи над 270.000, изјавија претставници на Обединети нации во Јордан. - Нашите последни податоци покажуваат дека бројот на раселени ширум југозападна Сирија надмина над 270.000 лица, изјави портпаролот на Комисијата на ОН за бегалци, Мохамад Хавари. Сириската армија на 19 јуни...

„Македонско – граѓани на Република Северна Македонија“, ќе биде државјанството согласно Договорот

„Македонско - граѓани на Република Северна Македонија“, вака ќе биде напишано државјанството во личните документи согласно Договорот со Грција, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на прашање од пратеникот Фадил Зендели од „Беса“. Заев истакна дека вака ќе стои државјанството, ако, секако, се промени Уставот, односно ако тоа го дозволат граѓаните на референдум. - Тоа е направено зашто Македонија е мултиетничка...

Еко-Герила: Нема да молчиме за Југохром

Претставници на Движењето Еко-Герила од Тетово на прес конференција соопштија дека во изминатиот период им биле праќани пораки, со цел како што велат да не реагираат за Југохром. Тие не објавија од кого ги добиле пораките. -Во изминатите денови различни поединци ни испраќаа пораки заедно со финансиски понуди со цел да ја замолчат Еко Герила и истата да не реагира за Југохром. За ова...