Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против пет уставни судии

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје ги отфрли кривичните пријави против петмина судии од Уставниот суд поднесени од страна на претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров. Во денешното соопштение од Јавното обвинителство се наведува дека надлежниот јавен обвинител утврдил дека нема основано сомнение оти судиите ги сториле кривичните дела за кои биле пријавени. Во кривичните пријави поднесени од...

Доаѓањето на Кралот Џејмс ќе го направи Дивиот Запад уште „подив“

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс (33), одлучи да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес лејкерс, со што и онака силната Западна конференција во НБА-лигата, ќе стане уште посилна следната сезона. Популарниот Крал Џејмс се согласи да потпише четиригодишен договор со „езерџиите“ вреден 154 милиони долари, со што заминува од Кливленд со кој играше во НБА-финалето во последните четири...

Белгиските власти спречиле терористички напад во Франција

Белгиските власти во текот на изминатиов викенд спречиле нов терористички напад во Франција, при полициска операција спроведена во источните предградија на Брисел. Како што објавија денеска белгиските медиуми повикувајќи се на анонимни извори, полицијата при акцијата открила подготвена автомобил-бомба, која според полициските сознанија, требало да биде искористена за напад врз собир на иранска опозициска група во близина на Париз. Според истите...

„Југохром“ нема да почне со работа додека не бидат ставени филтрите

Фабриката „Југохром“ во Тетово нема да биде пуштена додека не се постават филтрите за отпрашување, потврдија денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Премиерот Заев на собраниската седница посветена на пратенички прашања рече дека фабриката ќе стартува со работа штом бидат поставени филтрите. - Не е прашање на дилема дали ќе биде пуштена фабриката пред филтрите. Тоа...

Воведена забрана за увоз на овци, кози и нивно млеко и месо од Бугарија

Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста „чума“ кај овци и кози која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а е присутна и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит од Бугарија на живи домашни и диви мали преживари, нивно семе, јајце клетки и...

Општина Зрновци доби нова детска градинка

Четириесетина дечиња на возраст од две до шест години од денеска започнаа да ја посетуваат новоизградената детска градинка „Бисерчиња“ во Зрновци, со што и објектот е ставен во функција. На почетокот дечињата се распоредени во две возрасни групи, а во зависност од заинтересираноста на родителите се планира во иднина да се формира уште една мешана група. Во моментот за нив...

Отворено културно лето „Три круши 2018“

Со два концерта на градскиот дувачки оркестар при МКЦ и КУД Китка синоќа свечено беше отворено културното лето „Три круши 2018”. - Културно лето „Три круши“ низ годините наназад оваа манифестација, стана препознатлив белег на Општина Кисела Вода, бидејќи секое лето, тука, во селото Драчево, на Трите круши, ги собира љубителите на културата и уметноста, збогатувајќи ја културната понуда на...

Независни Грци до крај ќе се борат да пропадне Договорот од Преспа

Доколку дојде и кога ќе дојде решението со Македонија за ратификација во грчкиот Парламент, Независни Грци „ќе ја дадат последната битка за да пропадне Договорот“. Ова било една од причините зошто партијата - коалициски партнер во грчката влада не ја поддржа иницијативата на Нова демократија за гласање недоверба на владата. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Независни Грци...

Коблер: Европската перспектива на регионот и Македонија врвен приоритет на австриското претседавање

Јасната европска перспектива на регионот на Западен Балкан и Македонија останува врвен приоритет на австриското претседателство со ЕУ. Македонија никогаш не била поблиску до Унијата отколку сега и затоа треба да остане на реформскиот пат, а Австрија ќе биде нејзин силен поддржувач на тој пат, порача амбасадорката на Австрија во Македонија Ренате Коблер, претставувајќи ги приоритетите на австриското претседателство...

Започнува новата летна наградна игра „Биди во плус со Кредисимо Плус“

Од денеска започнува голема наградна игра која ја организира водечката компанија за финансиски услуги, Кредисимо - „Биди во плус со Кредисимо Плус“. Ако чувствуваш дека среќата е на твоја страна, сега имаш шанса да освоиш многу награди. Учествувај во наградната игра и стани добитник на една од 44-те „Синеплекс гифт" картички, 8 карти за концертот на Светлана Ражнатовиќ - Цеца...