Дванаесет лица од Пакистан и шест од Авганистан се откриени доцна синоќа во возило со штипски регистарски ознаки кое сообраќало на регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина на полигонот кај село Пепелиште.

Како што соопшти МВР, станува збор за патничко возило „Опел Синтра“ кое полициски службеници околу 00:20 часот се обиделе да сопрат, но возачот нагло запрел и побегнал, по што се откриени мигрантите.

Увид е извршен, се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за натамошна постапка. За настанот е известен јавен обвинител.