Сугарески: Почнува втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско
Околу 15 мај ќе почне втората фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско и работите на овој патен правец се интензивираат, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарски при денешната посета на Прилеп, појаснувајќи до каде се работите на овој патен правец.
- На патниот правец Прилеп-Градско работата е интензивирана. Во јуни лани беа закочени активностите поради одредени решенија,...
Бура ги погоди Германија, Франција, Белгија и Луксембург
Силна бура ги погоди Германија, Франција, Белгија, Луксембург оставајќи поплавени домаќинства и улици, а денеска се движи кон Данска.
Пожарникарите ја испумпуваат водата од подрумите и ги чистат поплавените улици и тунели откако бурата ноќеска зафати делови на западна Геманија.
Градот Ахен на крајниот запад на Германија е најмногу погоден од бурата.
Спасувачките служби примиле над илјада повици од тој регион, а...
Заев: Сите докази што сум ги поседувал за „Монструм“ се предадени
Сите докази што сум ги поседувал се дадени, вклучително сите докази кои што се поврзани или некако поврзани со предметот „Монструм“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан за коментар околу обвинувањата од опозицијата за манипулација за случајот со петкратното убиство кај Смилковското езеро.
- Да се игра вака дрско и безобразно со чувствата, пред се на родителите, е повеќе од...
Заев: Реконструкцијата зависи од разговорите со партиите
Можни се промени во повеќе владини ресори, но може да се случи и никој да не се менува. Тоа ќе зависи од резултатите на разговорите за проширување на владината коалиција кои се во тек, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
- Течат во континуитет разговорите за проширување на владината коалиција и сакам да успее овој процес онака колку што постои подготвеност...
Седница на РЦУК Кичево за рано предупредување и спречување на пожари во Општина Кичево
Со цел за рано предупредување, спречување и справување на несакани последици од пожари, РЦУК Кичево ја одржа 39-та седница на која присуствуваа сите релевантни фактори кои треба да придонесат за спречување на овие појави од ТПП-Кичево, ШС Лопушник, ПС-Кичево, Месни заедници од повеќе села, ЕЛС Кичево и други.
-Треба да продолжи досегашната практика на организирање на трибини за превенција, справување...
Пренасочување на сообраќај во мај поради реконструкација на патната делница Ратае-Шемшово, општина Јегуновце
Јавното претријатие Македонија пат ја информира јавноста дека во текот на мај ќе се реконструира патната делница од Ратае до Шемшово, во општина Јегуновце во текот на мај и дека поради тоа ќе има пренасочувања во сообраќајот.
Оваа делница се користи и за пристапување до едно од најпосетуваните излетничка места Лешок при икслучување од автопатот Скопје-Тетово. Станува збор пат за...
30 дечиња успешно ја завршија тениска школа организирана од Еуролинк осигурување
Во петокот, на 27 април, на терените на Тенискиот центар МТП се оддржа завршниот час од бесплатната тениската школа за деца на возраст од 6 до 12 години, организирана од Еуролинк осигурување.
Тениската школа започна на 30 март, и во текот на еден месец младите учесници ги изучуваа основните техники во тенисот, се создадоа нови пријателства а децата се стекнаа...
Таткото на смут џезот, Боб Џејмс со два концертни настапи во Скопје
Неговата вонвременска музика, неговите над 50 издадени албуми продадени во милионски тиражи и фактот дека многу негови познати нумери имаат извршено длабоко влијание врз хип хоп музиката, особено онаа од 80те и 90те години, така што многу семплови од негови препознатливи нумери ги имаат превземено култните Run – D.M.C., Eric B. & Rakim, LL Cool J, DJ Jazzy Jeff,...
Со 24-часовен генерален штрајк и протести грчките синдикати ќе го одбележат Денот на трудот
Под слоганот „Мир, демократија, правда, еднаквост, работнички права“, двата најголеми грчки синдикати, објавија 24-часовен генерален штрајк по повод Денот на трудот. Паралелно, закажаа и протест во центарот на Атина и ги повикаа граѓаните масовно да земат учество.
Грција утре ќе биде без бродови и возови, поради 24-часовниот штрајк на поморската федерација и на грчката железница, додека пак јавниот превоз во...
Можна кражба на податоци од околу 300 германски болници
Лични и веројатно деликатни податоци за пациенти најверојатно се украдени од стотици германски болници, јави ДПА.
Асоцијацијата, одговорна за болници во реонот на Рејнланд известила членки со писмо во средината на април за евентуална кражба на податоци од околу 300 болници во Германија во изминатите 10 години.
Во писмото се вели дека според информации на операторот, украдени се над една третина...






































