Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што е укината мерката притвор што претходно му беше определена, пренесе МИА.

Од Основниот кривичен суд информираат дека Советот постапувал по жалба со понудена гаранција против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, на осомничениот му бил определен притвор во траење од 30 дена.

Прифатената гаранција изнесува 55.000 евра во денарска противвредност и ќе биде депонирана во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката.

Покрај тоа, Судот му изрече и мерки на претпазливост согласно Законот за кривична постапка, кои опфаќаат привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Од Кривичниот суд нагласуваат дека доколку осомничениот не ги почитува изречените мерки, може да му бидат определени построги мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката.