Фото: Пиксабеј

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси 13 лица во рамки на акција насочена кон сузбивање на нелегалното поседување оружје, при што беа извршени претреси на 16 локации во Калесија, Живинице, Братунац, Шековиќи и Осмаци.

Акцијата ја реализираа припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Кантоналното обвинителство.

При претресите биле пронајдени и одземени автоматски и ловечки пушки, пиштоли, минско-експлозивни средства, поголемо количество муниција, како и други предмети кои можат да се поврзат со кривични дела.

Од надлежните институции информираат дека по завршувањето на полициската обработка, уапсените лица ќе бидат предадени на понатамошно постапување во надлежното обвинителство.