„Поткуп“ продолжува на 7 мај, во Судот пуштена целата снимка

На денешното рочиште во Кривичниот суд без присуство на јавноста беше пуштена целата  видео снимка поради која премиерот Зоран Заев се товари за примање поткуп. Ново рочиште за предметот на СЈО „Поткуп“ е закажано за 7 мај кога исказ треба да даде обвинетиот Зоран Заев, а ќе бидат изведувани и докази од одбраната. Заев по денешното судење кажа дека ја почитува одлуката...

Инциденти на грчкиот остров Лезбос на неколку дена пред посетата на Ципрас

Од за сега непознати причини, доцна синоќа се случиле инциденти меѓу бегалци и мигранти во прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос. Информативниот портал од островот, „Лезбос њуз“, пишува дека инцидентите се прошириле и вон кампот, а според непотврдени информации, неколку лица биле повредени и пренесени во болница. Според последните официјални податоци од грчката влада во прифатниот центар Мориа со капацитет...

Од 5 мај Северна и Јужна Кореја во иста часовна зона

Властите во Северна Кореја одлучија од 5 мај да се поместат стрелките на часовниците за 30 минути понапред за да биде државата во иста часовна зона со Јужна Кореја, јавија севернокорејски медиуми. Иста часовна зона беше догорена за Корејскиот полуостров на средбата меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 27 април. Северна и Јужна Кореја беа иста...

ИД ја презеде одговорноста за двојниот самоубиствен напад во Кабул

Исламската држава ја презеде одговорност за двојниот самоубиствен напад извршен денеска во Кабул близу централата на авганистанското разузнавање. По првиот напад извршен од бомбаш-самоубиец „отстапниците од верата, од силите за безбедност, медиуми и други луѓе кои беа на местото на операцијата, каде еден брат камиказе ги изненади со експлозив“, се вели во соопштение од авганистански клон на ИД, објавено на...

Единаесет деца загинаа во самоубиствен напад во јужен Авганистан

Единаесет деца загинаа во напад извршен од бомбаш-самоубиец кој активирал експлозив во близина на џамија во јужниот дел од Авганистан, јави ДПА. Шеснаесет други лица се ранети во нападот што се случи во областа Даман. Меѓу повредените се и романски војници и полицајци. Бомбашот го активирал експлозивот што го носел во возило во момент кога поминувал покрај конвој на странски труп,...

Нивото на Охридско Езеро 20 сантиметри над дозволениот водостој

Нивото на Охридско Езеро е 20 сантиметри над дозволениот максимален водостој, соопшти УХМР.   Хидролошките мерења покажуваат дека е згфолемено и нивото на Дојранското Езеро, еден сантиметар над договорениот максимален водостој.   Состојбата со реките е поинаква. Некои бележат одредени зголемувања, а други намалувања на нивоата. Црн Дрим кај Ложани е речиси преполовен. 

Снимката за „Поткуп“ се гледа без присуство на јавноста

Во Кривичниот суд денеска се одржува рочиште за случајот „Поткуп“ затворено за јавноста. На почетокот на судењето беше прочитана одлуката на Апелацискиот суд Скопје, јавноста да биде исклучена од рочиштето на кое ќе биде пуштена видео снимката поради која премиерот Зоран Заев се товари за поткуп. На претходните рочишта Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го...

При контрола на возило во Гостивар пронајден пиштол и куршуми

При вршење редовна сообраќајна контрола гостиварска полиција во Гостивар во патничко возило „Голф“ со скопски регистарски таблици пронашла пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со девет куршуми. Лицето што го управувало возилото било приведено во полиција. Како што информира МВР, вчера околу 11:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар полициски службеници запреле патничко моторно возило „Голф“...

Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Миладиновци-Мралино

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што синоќа околу 23 часот се случила на локалниот пат село Миладиновци - село Мралино, Скопско. Како што информира МВР, во несреќата патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски таблици управувано од  Е.Б. (60) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело на кров. Е.Б. со возило на Итна медицинска помош...

Продолжува потрагата по двајцата косовски полицајци

Екипи на македонската полиција и денеска ја продолжуваат потрагата по двајцата полицајци од Косово кои во саботата со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата, соопштија од МВР. Вчера од полицијата изјавија дека се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата. Вклученоста на МВР во потрагата ја потврди и косовскиот...