ФУДБАЛ

  • Според идејата, би имало највисоко ниво од 36 најдоброрангирани селекции, кои би биле поделени во три групи, а селекции рангирани од 37. до 55. место кај УЕФА би можеле да играат натпревари во посебно ниво и, исто така, да имаат пат низ плејофот до пласман за големите турнири, пишува АП

Европската фудбалска унија (УЕФА) предложи ревидирање на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2030 година и за Европското првенство (ЕП) во 2032 година, што би можело да донесе да нема дуели помеѓу најсилните и најслабите репрезентации, со формат сличен на Лигата на шампионите (ЛШ), пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, минатата година рече дека е планирана реформа за да се оживее интересот кај гледачите и телевизиските куќи, бидејќи многу традиционални квалификациски групи станаа предвидливи, пишува АП.
Неодамнешни резултати што предизвикаа размислувања вклучуваат победа на Франција на дуел со Гибралтар со 14-0 во квалификации за ЕП 2024 и победата на Австрија со 10-0 на мечот со Сан Марино во квалификации за СП 2026, пишува АП. Во средата, УЕФА предложи создавање највисоко ниво со 36 најдоброрангирани селекции што би биле поделени во три групи, со формат сличен на Лигата на шампионите, пишува АП.
Репрезентациите во тие групи би играле по шест меча против шест различни противници и ќе бидат рангирани на табела од 12 селекции, кои ќе бидат извлечени од три различни барабани, и би играле со по две репрезентации од секој барабан, а таквиот формат би можел да се вклопи во постојните распореди пропишани од ФИФА од септември до ноември и нема да додаде дополнителни натпревари. Според идејата, 36-те најдобри репрезентации нема да играат со селекции рангирани од 37. до 55. место кај УЕФА, кои би можеле да играат натпревари во посебно ниво и, исто така, да имаат пат низ плејофот до пласман за големите турнири, пишува АП. Одлуката за предложената измена се очекува во септември, соопшти УЕФА по состанокот на извршниот комитет на маргините на финалето на Лига Европа во Истанбул (Турција), пишува АП.
– Концептот ќе биде дотеран во текот на следните неколку месеци пред да биде доставен за одобрување на деталниот формат на следниот состанок на Извршниот комитет – соопшти УЕФА, која
УЕФА не прецизира колку директни квалификациски места би се освоиле од секоја група со по 12 репрезентации. Н.М.