Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за корекција на цените на нафтените деривати, со која од полноќ бензините ќе поевтинат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат, пренесе МИА.
Според одлуката, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 денари по литар и од утре ќе изнесува 86,00 денари. За ист износ поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98, чија нова цена ќе биде 88,00 денари за литар.
Од друга страна, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 денари и ќе се продава по 87,00 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 89,00 денари за литар, што исто така претставува поскапување од 1,50 денари.
Регулаторната комисија соопшти дека се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,609 денари по килограм, па неговата нова цена ќе изнесува 47,297 денари за килограм.

































