Домување
Паметните тоалети што ги комбинираат функциите на биде и тоалет стануваат сè попопуларни низ целиот свет. Многумина веруваат дека би можеле значително да ја намалат употребата на тоалетна хартија. Овие системи нудат поголема хигиена и удобност.
Бањата, која со години имаше исклучиво практична функција, денес доживува голема трансформација благодарение на новите технологии што ги менуваат секојдневните навики. Во тој контекст, паметните тоалети повеќе не се резервирани само за луксузни хотели или егзотични дестинации, туку стануваат еден од водечките трендови во уредувањето на домот во 2026 година.
Она што до неодамна беше карактеристично за Јапонија и одредени азиски земји сега може да се види сè почесто во домовите низ целиот свет. Причината е едноставна – корисниците бараат поголема удобност, подобра хигиена и поефикасни решенија за секојдневниот живот. Нивната популарност брзо се шири низ остатокот од светот. Станува збор за уреди што ги комбинираат функциите на тоалет и биде во еден систем, со примена на напредна технологија што ја подобрува личната хигиена. Нивна главна карактеристика е системот за миење со вода, со можност за приспособување на температурата, притисокот и насоката на млазот. Многу модели имаат дополнителни функции, како што се сушење со топол воздух, греење на седиштата и сензори што автоматски го препознаваат присуството на корисникот.
Експертите истакнуваат дека развојот на оваа технологија е дел од поширокиот тренд на паметни домови, во кои секој детаљ има задача да го олесни секојдневниот живот. Затоа архитектите и дизајнерите на ентериери сè повеќе ги вклучуваат паметните тоалети во модерните проекти.

































