ФУДБАЛ – ВО ПРЕСРЕТ НА СП 2026
Трофејот за светски фудбалски првак е во фокусот на официјалниот бренд на Светското првенство во САД, Мексико и во Канада. Првпат во историјата е прикажана фотографија од самиот трофеј и годината на турнирот, формирајќи иновативен дизајнерски јазик, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА). Логото за годинашниот Мундијал беше претставено во 2023 година, во Лос Анџелес, на настан на кој ФИФА, земјите домаќини Канада, Мексико и САД, фудбалски легенди и специјални гости се собраа за да го одбележат почетокот на возбудливото патување до најголемиот спортски настан досега, пишува ФИФА. Н.М.
































