Ни претстои исклучително топло и сушно време

Не очекува потопло лето во кое температурите, според најавите од синоптичарите, ќе ги надминат многугодишните просеци во некои делови и за над три степени. Особено отсапувања ќе има во текот на јуни. Според прогнозите, се очекуваат и периоди со исклучително топло и сушно време. Врнежите летово ќе бидат во рамки на просекот.  - Во целиот југоисточен регион на Европа температурите...

Ново судско рочиште за „Труст“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“ во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во...

На онкологија нема да се плаќа партиципација за прегледи и лабараторија

Министерството за здравство ги демантира информациите дека ќе се плаќа партиципација за преглед и лабораторија на пациентите на онкологија. Од Министерството за здравство посочуваат дека ослободувањето од партиципација е регулирано со  Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година, според која  се што е...

Путин ќе одговара на прашања на граѓаните преку „Директна линија“

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска во 12 часот попладне, ќе одговара на прашања на граѓани во рамки на редовната годишна програма Директна линија, за која до вчера до 12 часот по московско време, пристигнале повеќе од милион и 385 .000 прашања. Најголем прашања пристигнале преку телефон – 803.135, СМС – 317.000 додека преку ММС има повеќе од 31.500 прашања. Околу 144.000...

Сончево време со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 17, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 27 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со...

Заев: Македонија е едно семејство на сложни граѓани од различни вери

Премиерот Зоран Заев вечерва организираше ифтарска вечера во честа на светиот месец Рамазан, за претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на Владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи. Посакувајќи им добродојде на ифтарот, премиерот...

Четириесет и шест Етиопјани се удавија на пат кон Јемен, 16 се водат за исчезнати

Четириесет и шест Етиопјани се удавија на пат кон Јемен, а 16 се водат за исчезнати откако криумчарскиот брод со кој се превезувале се превртел во морето рано изутринава, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Бродот тргнал вчера од Босасо, Сомалија. На него имало 100 лица, 83 мажи и 17 жени, кои заминале за да бараат работа во странство. 

Позната причината за самоубиството на дизајнерката Кејт Спејд

Модната дизајнерка Кејт Спејд се самоубила, откако паднала во длабока депресија поради семејни проблеми, соопшти порталот ТМЗ. Педесет и пет годишната Спејд не сакала да се раздели со сопругот по 24-годишен брак. Дизајнерката била во длабока депресија, откако тој го напуштил семејниот дом и побарал развод. Безживотното тело на Спејд беше откриено во нејзиниот стан во Менхетен. Таа оставила смртна белешка...

„Македонија е грчка“ порачаа Грците

Мирно и според очекувањата завршија протестите во Грција „за одбрана на името Македонија и грчкиот карактер на Македонија“. На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа илјадници граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. На присутните им се обратија претставници на организаторите, но и свештени лица...

Невремето во Франција зема уште две жртви

Силната бура, која зафати голем дел од Франција, продолжи и денеска, а во поплавите загинаа уште две лица. Откако вчера 37-годишен маж се удави во својот автомобил, денеска 90-годишна жена почина во Монморијон од срцева слабост, најверојатно додека се обидувала да ја исфрли водата од поплавената куќа. Телото на една 80-годишна жена беше пронајдено во надојдена река во област која...