Матис размислува да иницира директен контакт со рускиот министер Иванов
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис соопшти дека размислува да го иницира првиот директен контакт со рускиот колега Сергеј Иванов по неколку години.
- Размислувам за средба, но се уште нема одлука за тоа - изјави Матис.
Последната комуникација на ова ниво била во 2015 година, кога министрите за одбрана на Русија и САД разговарале телефонски. Влошувањето во односите меѓу двете...
ИОМ: 1.500 мигранти се удавиле годинава во обид да стигнат до Европа
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека најмалку 1.500 мигранти се удавиле во обид да го минат Средоземно море во текот на годинава.
Најопасна е рутата која досега беше најмасовно употребувана, меѓу Либија и Италија, каде во просек гине еден од 19 мигранти.
ИОМ исто така соопшти дека драматично расте бројот на мигранти кои влегуваат во Шпанија, каде досега се забележани...
Кулминира топлотниот бран над Европа
Топлотниот бран што ја зафати западна и северна Европа кулмнира денеска, но високите температури ќе продолжат и во текот на викендот, превидуваа метеролозите.
Летните горештини предизвикаа проблеми во сообраќајот, при што железничката врска меѓу Велика Британија и Франција се одвиваат со повремени прекини поради опасноста по сигналните системи, како и претерано згреаните кабини.
Бројот на билети што се издаваат за желзничката...
Бил Клинтон повика на засилување на борбата против СИДА-та
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ја повика меѓународната заедница да се засилат напорите за борба против СИДА-та.
Клинтон говореше на меѓународната конфернција за СИДА во Амстердам, каде учествуваат 15.000 научници, активисти и лица кои се заразени од ХИВ вирусот.
- Околу 35 лица ќе починат од СИДА додека јас зборувам тука, изјави Клинтон, додавајќи дека низ светот има 36,9 милиони лица...
Американскиот економски раст надмина четири проценти
Американскиот економски раст достигна 4,1 проценти во вториот квартал од годината, што е најдобар резултат во изминатите четири години.
Зборувајќи на митинг во Гранит Сити, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека економскиот раст ќе продолжи да се засилува и дека ќе бидат достигнати ветените пет проценти раст годишно.
Се смета дека главниот двигател на растот е намалувањето на даноците што го...
Тргнаа коњаниците на „Илинденски марш 2018“
Од Горно Лисиче вечерва тргна традиционалниот коњички марш „Илинденски марш 2018“ што треба да заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Во црквата „Св. Петар и Павле“ се одржи свечена литургија по што беа испратени 24-те коњаници, кои учествуваат на јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од...
Макрон ја претстави неговата визија за Европа во три концентрични кругови
Францускиот претседател Емануел Макрон очекува дека за 15 години Европа ќе биде формирана околу три круга на држави кои ќе бидат со различно ниво на интеграција.
- Предвидувам еден широк круг, во кој ќе влегуваат и држави кои сега не се меѓу 27-те членки на Европската унија, кој ќе биде нешто меѓу ЕУ и Советот на Европа. Овој поширок круг...
Следете го во живо затемнувањето на месечината
Следете го најдолгото целосно помрачување на месечината во 21-от век, во настанот што вечерва ќе биде видлив на поголем дел од Земјината топка.
https://www.youtube.com/watch?v=uqBStEIVF8o
https://www.youtube.com/watch?v=YWv6q6gp08M
Москва резгледува опции за средба Лавров-Помпео
Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека разгледува опции за организирање средба меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, која би се одржала на маргините на некој меѓународен собир.
Како што соопшти рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, засега „на практичен начин“ не е разговарано за посета на Помпео на Русија.
-...
Загубените милијарди се пресудни за успехот на најбогатите
Творецот на Фејсбук, Марк Закерберг, вчера загуби 16,8 милијарди долари за неколку минути, откако акциите на неговата компанија забележаа пад од 19 проценти, но тоа веројатно воопшто нема да го загрижи, пишува „Вашингтон пост“. Вредноста на компанијата „Фејсбук“, пак, опадна за 119 милијарди долари, што претставува најголемата еднодневна загуба во историјата на САД.
„Трилитиум асет менаџмент“, кој е меѓу акционерите на...









































