Поранешниот американски претседател Бил Клинтон ја повика меѓународната заедница да се засилат напорите за борба против СИДА-та.

Клинтон говореше на меѓународната конфернција за СИДА во Амстердам, каде учествуваат 15.000 научници, активисти и лица кои се заразени од ХИВ вирусот.

– Околу 35 лица ќе починат од СИДА додека јас зборувам тука, изјави Клинтон, додавајќи дека низ светот има 36,9 милиони лица заразени од овој вирус, а од нив 15 милиони не примаат никаква лекарска помош.

Неговото обраќање накусо беше прекинато од демонстранти кои се залагаат за легализирање на проституцијата и дрогата.