Триесет организации почнаа кампања за бојкот на референдумот
Триесет организации потпишаа денеска Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.
Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија.
Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.
Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“,...
Седорф и Клајверт ја преземаат репрезентацијата на Камерун
Холандскиот фудбалски стручњак Кларенс Седорф е назначен за селектор на Камерун, а во репрезентацијата ќе му помага неговиот сонародник Патрик Клајверт.
Веста за нивниот ангажман ја соопшти камерунскиот министер за спорт Пјер Исмаел Бидунг Мкпат.
Камерун е актуелен шампион на Африка, а во јануари на домашен терен ќе ја брани титулата во Купот на африкански нации. Репрезентацијата е без селектор од...
Моралес ги обвини САД за обидот за атентат врз Мадуро
Експлозијата во Каракас е обид на САД и нивни сојузници од регионот да го елиминираат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави денеска претседателот на Боливија, Ево Моралес.
– Одлучно осудуваме уште еден насилен напад и кукавички обид за атентат врз братскиот народ на Боливија и Николас Мадуро. Тие експлозии се злосторство против хуманоста - напиша Моралес на својот Твитер.
Врз Мадуро...
Над 50 екстремисти ликвидирани на северен Синај
Египетските безбедносни сили во изминатите денови ликвидираа најмалку 52 екстремисти во северниот дел на Синајскиот полуостров, а 49 се уапсени,соопштија властите.
Дваесет и пет скривалишта и складишта за оружје се уништени, 64 експлозивни направи се отстранети. Со воздушни напади во западната пустина и на југ уништени 32 автомобила со оружје и муниција.
Информациите не можат да бидат потврдени од независен извор,...
Се зголемува бројот на жртвите од пожарите во Атика
Бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите во источниот дел на областа Атика, достигна до 89 лица, откако 55-годишна жена, им подлегна на повредите во атинска болница.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред два дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице...
Слободни вкупно 5.496 студентски легла, во тек електронското пријавување
Рокот за електронско пријавување на редовните студенти од втора и повисоките студиски години за сместување во студентските домови во академската 2018/2019 година трае до 15 август, а за студентите од прва година ќе биде од 7-ми до 14 септември.
Според Конкурсот што го објави МОН, во 11 студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип, слободни се вкупно 5 496 легла.
Од нив,...
Штрковите ќе бидат заштитен знак на Стојаково
Месната заедница од село Стојаково, општина Богданци, заедно со Македонското еколошко друштво, неодамна со помош на дрон направи снимање на сите гнезда со цел да се изврши првото броење на штрковите во ова населено место кое се смета меѓу местата со најголем број штркови во Македонија.
- Снимањето и броењето на штрковите до некаде ја потврдија нашата констатација. Во селото...
Нема чакање на граничниот премин „Богородица“
Само десетина минути претпладнево се чека на граничниот премин „Богородица“ за излез и влез во Македонија.
Дваестина минути утрово се чекаше за излез од државата, во најголемиот налет на туристи што, исто така, се смета за нормално кога треба да се помине граница и да се направат задолжителните формалности за проверка на документи, велат од дежурната служба на ГП „Богородица“.
Дежурните...
Си-Ен-Ен: Пукната гума причина за пожарите во Калифорнија
Камионска гума што пукнала при возење е причина за почеток на шумските пожари што опустошија огромните области на Калифорнија во текот на изминатите две недели, јави Си-Ен-Ен.
На 23 јули, на пат во близина на градот Рединг, пукнала гума на приколка за камион - нешто вообичаено во копнениот сообраќај, според телевизијата, и од искрите се запалува оган.
Во пожарот што американските...
Полицијата во Берлин ќе вработува странци поради недостиг од кандидати
Полицијата во Берлин наведува дека тие би можеле да почнат да регрутираат вработени од странство, особено од други земји на Европската унија. Причината е недостиг на кандидати, јави ДПА.
- Потенцијалните кандидати од другите земји на ЕУ ќе добијат интензивна обука за германски јазик - изјави шефот на полицијата на Берлин, Барбара Словик
Таа рече дека регрутирањето доволно соодветни кандидати може...







































