Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица

Скопје утре ќе одбележи две години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер.  Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.  Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен,...

Џип излетал од крстосница, тројца тешко повредени

 Три лица се тешко повредени откако доцна синоќа  патничко моторно возило „Гранд Чероки“ со бугарски национални ознаки излетало од коловозот кај  т.н. Мавровска крстосница - Маврови Анови, соопшти МВР. Несреќата се случила околу 23:40 часот. Со возилото управувал А.А. (26) од село Жировница кој е полесно повреден. Тој и А.З.(26), П.Б.(28) и С.Е.(25) се пренесени во Медицинскиот центар - Гостивар. Полициската станица Гостивар изврши увид. Се...

Нови велосипедски патеки во Скопје

Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри. Нови велосипедски патеки ќе има на бул. „Борис Трајковски“ - од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ (3132 метри), на улица „11 Октомври“ - од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до...

Тешко повредено девојче во сообраќајка во Пирава

Тринаесетгодишно девојче од Струмица е тешко повредено во сообраќајка што се случила вчера попладне во село Пирава. Како што соопшти МВР, се судриле две патнички возила „Фолксваген“ со струмички регистерски таблички управувано од К.Б. (26) од Струмица и „Рено“ со словенечки таблички управувано од Д.С. (25) со престој во Република Словенија.  Во незгодата тешки телесни повреди здобило и лицето С.В. (44)...

Тројца војници од НАТО загинаа во Авганистан

Тројца војници од НАТО се убиени во самоубиствен напад во источен Авганистан, соопшти Алијансата.   Еден американски војник и двајца авганистански војници се ранети во инцидентот.  Во соопштението не е прецизирано за местото на нападот и за националноста на војниците. 

Обид за атентат врз Мадуро со дронови

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа напад со дронови за време на свој говор. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Притоа, повредени се седум војници. Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида каде...

Скопјани имаат евтин јавен транспорт, но без можности за избор

Со цена од 35 денари или 0,6 евра за едно возење во еден правец, јавниот транспорт во главниот град Скопје е меѓу поевтините, но не нуди можности за избор меѓу различни видови превоз. Цената и капацитетот на јавниот транспорт е важен фактор при оценката на квалитетот на животот во големите градови. Додека во повеќето случаи висината на цената е поврзана...

Второ прскање против комарци утре во Скопје

Град Скопје соопшти дека утре и задутре ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, што опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја. Авионската дезинсекција ќе се изврши утре (понеделник) во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција задутре (вторник) во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа...

По роденденскиот концерт на „Синтезис“, „Охридско лето“ продолжува со настап на дуото „Сора“

По синоќешниот концерт на групата „Синтезис“ за 58-от роденден на „Охридско лето“, фестивалот вечер продолжува со уште една исклучителна содржина од музичката програма - настапот на дуото „Сора“ и уметниците Учида Шиори на саксофон и Фати Фехмију на хармоника. Дуото „Сора“ е основано во 2015 година, а само година подоцна го одржува својот прв концерт. Оттогаш редовно настапуваат на разни...

Третина од домаќинствата во Македонија немаат автомобил

 Бројот на автомобили во Македонија е во постојан раст, но сепак повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија не поседувале патнички автомобил во 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Според извештајот на ДЗС за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот 2015 - 2017 година, патнички автомобил имале 59.6 проценти од сите семејства. Во Македонија...