Се засилува кампањата за и против референдумот

Во пресрет на есенскиот референдум за Договорот со Грција се засилува кампањата во Македонија за и против плебисцитарното изјаснување, како и ангажманот на меѓународната јавност која е едногласна во поддршката. Групата „Охрид“, неформална група што ја сочинуваат актуелни и поранешни политичари и високи меѓународни претставници, која беше формирана во април годинава за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство...

Стапуваат во сила возобновените американски санкции кон Иран

Возобновените санкции на САД кон Иран од денеска и официјално стапуваат во сила, откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот. Тој најави дека американската политика ќе изврши „максимален економски притисок“ врз Техеран. Трамп во соопштението наведе дека меѓународниот договор за стопирање на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите е „страшен, едностран договор“ со кој иранската Влада...

Сончево и топло

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 37 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Нова алатка за запознавање подготвуваат од Фејсбук

Фејсбук тестира неколку различни алатки за да ја претвори социјалната мрежа во посериозен конкурент за „Тиндер“ и „Меч Груп“. Уште во мај, за време на конференцијата на Ф8, беа презентирани неколку алатки наменети за запознавање на нови луѓе. Според најновите податоци на „ТекКранч“, компанијата нема намера да претстави нова мобилна апликација, туку „Фејсбук Дејтинг“ (Facebook Dating) ќе биде функција интегрирана директно...

Дебито на Роналдо за Јувентус ќе биде емитувано директно на Фејсбук

Дебито на петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо за италијанскиот шампион Јувентус ќе може да се следи во живо и на Фејсбук. „Илеван Спортс“ соопшти дека постигнал договор за иновативно партнерство со социјалната мрежа и ќе емитува бесплатен стриминг. Еден од првите натпревари кои ќе се пренесуваат директно е гостувањето на „бјанконерите“ во Киево на 18 август од 18:00...

„Шарп“ станува трет производител на OЛЕД дисплеи за смартфони

Паметните телефони со OЛЕД дисплеи нудат повисок квалитет и се соодветно поскапи од конкурентските модели поради технологијата што ја користат. Во моментов, „Самсунг“ е глобален лидер во производството на OЛЕД панели за мобилни уреди, откако тие генерираат над 90 отсто од испораките, додека другиот корејски гигант ЛГ има удел од 7,7 отсто во овој сегмент. Но, наскоро, ним ќе се приклучи...

Мијалков остана без полициско обезбедување

На поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање - УБК, Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување. Полициски извори за МИА потврдија дека одлуката била донесена пред празникот, поради проценка дека повеќе не постојат безбедносни ризици. По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на располагање имаше и два автомобила....

Рохани: Ние сме за разговори, но за тоа е потребна искреност

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Техеран би бил подготвен да разговара со САД само доколку Вашингтон покаже дека е доверлив соговорник. - Секогаш сме за дипломатија и разговори...Но, за разговор е потребна искреност. САД повторно воведуваат санкции за Иран и се повлекуваат од нуклеарниот договор, а потоа сакаат да разговараат со нас – рече Роахани во обраќањето што...

Исплатена последната транша од европската помош за Грција

Европскиот стабилизациски механизам денеска соопшти дека ја исплатил последната транша од помошта за Грција во висина од 15 милијарди евра. Во соопштението на Механизмот се посочува дека од вкупната сума, 9,5 милијарди се наменети за создавање на фонд, кој треба да и помогне на Грција за покривање на финансиските потреби за период од речиси две години. Останатите 5,5 милијарди евра од...

Лауда веќе дише самостојно по трансплантацијата на белите дробови

Легендата за автомобилскиот спорт Ники Лауда закрепнува многу брзо по трансплантацијата на белите дробови. Лекарите од клиниката каде беше извршена операцијата денеска соопштија дека трикратниот светски шампион во Формула 1 веќе нема потреба од помош при дишењето. - Само 24 часа по операцијата Ники Лауда беше целосно свесен. Беше отстранета помошната цевка и веќе дише самостојно - се вели во заедничката...