Фото: Принтскрин

Поранешната европратеничка на владејачката партија Нова демократија, Ана Мисел Асимакопулу, и уште три лица се прогласени за виновни во случајот со неовластено користење лични податоци на грчки државјани кои живеат во странство.

Како што пренесе МИА од Атина, судот денеска ја соопшти пресудата со која Асимакопулу е осудена на 20 месеци условна затворска казна. Поранешниот генерален секретар во грчкото Министерство за внатрешни работи доби условна казна од 18 месеци, додека другите двајца обвинети, поранешни високи функционери на Нова демократија, се осудени на осум и 12 месеци условен затвор.

Случајот избувна во март 2024 година кога, во пресрет на изборите за Избори за Европскиот парламент 2024, Асимакопулу испратила предизборен материјал по електронска пошта до голем број грчки граѓани што живеат во странство.

Според обвинението, електронските адреси биле добиени без согласност на граѓаните и потекнувале од податоците што иселениците ги доставиле при регистрацијата на платформата за поштенско гласање за европските избори. Податоците, наводно, биле споделени од грчкото Министерство за внатрешни работи.

По избувнувањето на скандалот, Асимакопулу соопшти дека нема да се кандидира на европските избори во јуни 2024 година. Судот сега утврди дека таа и останатите обвинети сносат одговорност за неовластеното користење на личните податоци на гласачите од странство.