Фото: Архива

Управа за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, утре од 12 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна.

– Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата. Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите – информираат од УЈП.