Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството
Министерството за здравство соопшти дека за 45 дена се реализирани над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.
МЗ пренесува изјава на министерот за здравство Азир Алиу дека „до овој момент, во рамките на процесот, се спроведени над 1.700 тестирања“.
- Ова е значајно и историско зајакнување на...
Во Прилеп одадена почит на загинатите кај Карпалак: Нивните имиња засекогаш ќе одекнуваат во меморијата на овој град
Со полагање цвеќе на спомен обележјето Карпалак во центарот на Прилеп, денеска беа одбележани 24 години од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак, во кој животите ги загубија десетмина прилепчани, резервисти на АРМ. Делегациии од Собранието, од Владата, од Претседателот на РМ, АРМ, Министерството за одбрана, од општина Прилеп, од Здружението Карпалак, од семејствата на загинатите, од политичките партии,...
Прoмовирана втората книга на Миле Новески – Мајкл
Втората книга на Миле Новески со работен наслов „Патеписи“ беше денеска промовирана во големата сала од Центарот за култура во Кичево. Авторот на оваа книга, на само нему својствен начин ги набележал своите патувања и престој во повеќе од 50 земји од светот. Новески е писател кој на постари години почнал да пишува со љубов кон раскажувачките случки од...
Рубио: Претстојната средба на врвот меѓу Ерменија и Азербејџан е „прв чекор кон мировен договор“
Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази надеж дека Ерменија и Азербејџан на нивниот претстоен самит ќе потпишат договор, што ќе стане прв чекор кон мировен договор, објави ерменска новинска агенција.
- Претседателот Трамп е посветен на мирот и е посветен на идејата да биде претседател на мирот - рече Рубио во интервју со водителот на „The World Over“, Рејмонд Аројо.
Американскиот претседател...
Британската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт со наслов „Романсата сѐ уште не е мртва“
„Романсата сѐ уште не е мртва“ беше наслов на концертот што вчеравечер во рамки на Британската вечер на 65. Издание на „Охридско лето“ го одржаа британскиот виолинист Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Света Софија“.
Романтичната вечер која од почетокот ѝ ветуваше на публиката неповторливо музичко доживување што долго ќе се памети, започна со Соната за виолина и...
На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка
Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека...
Мицкоски и Стојков со порака за почит кон загинатите кај Карпалак
Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.
- Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска,...
Завршува „Астерфест“ во Струмица
Јубилејното 20. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ завршува денеска во Струмица, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Поголемиот број селектирани странски филмови беа прикажани премиерно во Македонија, некои се светски, интернационални или балкански премиери, а некои филмови ги потпишуваат режисерски имиња што веќе се претставиле на „Астерфест“ и кои тукашната публика ги препознава како...
Кинеската вечер на „Охридско лето“ исполнета со емоции и совршена хармонија
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжи со концерт на уметници од Кина, кои на публиката ѝ приредија незаборавна ноќ. Во црквата „Света Софија“ настапија флејтистите Јуе Гуангхуи и Веи Ванг, пијанистката Хоу Јуан, како и лирската мецосопранистка Аи Ву. На репертоарот беа дела од кинески и француски композитори: Габриел Форе, Морис Равел, Камиј Сен-Санс, Филип Гобер, Клод Дебиси,...
Изложба што ја истражува кревката граница меѓу малите приказни и големите наративи
Културно-информативниот центар на Македонија во Софија е домаќин на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка, проект од национален интерес во културата под наслов „Простори на конјункција“. Претставници од галеријата и директорот, Али Синани, присуствуваа на официјалното отворање на изложбата, а пред публиката се обрати директорот на Културниот центар, Зоран Пејковски. Изложбата ќе биде поставена до крајот...








































