Побаран притвор за 53-годишник осомничен за тешко убиство

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен маж од Брвеница, осомничен за кривично дело убиство. Според обвинителството, на 25 март во Охрид, осомничениот од користољубие го лишил од живот Климе Митрески, со цел да спречи раскинување на договор за доживотна издршка склучен во февруари 2025 година. Со договорот, осомничениот требало да наследи значителен имот по...

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Во Скопје утре со почеток од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка на 10 километри. Како што информира Министерството за внатрешни работи, трката ќе се одвива на релацијата од Средно Водно по регионалниот пат Р2138 до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон и назад. Од МВР посочуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај...

Четири случаи на семејно насилство пријавени за еден ден, двајца од насилниците уапсени

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на Министерството за внатрешни работи лишиле од слобода две лица за семејно насилство, додека се евидентирани вкупно четири случаи во повеќе градови низ државата. Во Крива Паланка, полицијата привела 48-годишен маж кој физички ги нападнал својата сопруга, син и снаа во семејниот дом. Во Куманово, пак, бил уапсен маж кој физички ја нападнал својата...

Санкционирани 12 возачи за возење без дозвола и под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на Министерството за внатрешни работи лишиле од слобода 12 возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, седум лица биле приведени поради управување без возачка дозвола. Еден од случаите е регистриран во Свети Николе, додека останатите се во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и два случаи во Кичево. Дополнително, четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово...

Ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер продолжува да се влошува, велат од „Росатом“

Iran's Bushehr nuclear ‌power plant
Ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави во саботата шефот на руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ по уште еден напад во близина на објектот, пренесе „Ројтерс“. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во петокот соопшти дека Иран ја информирал за уште еден напад во близина на Бушер, трет...

Намалувањето на ДДВ ги дава очекуваните резултати врз цената на горивата, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на цените на бензините за околу два денара од понеделник, додека цената на дизелот би можела да остане иста или да се зголеми за околу половина денар. Во изјава за медиумите по настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ во Скопје, тој истакна дека мерката за намалување на ДДВ-то за горивата...

Иднината е во енергијата и вештачката интелигенција, истакна Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека иднината на политиката лежи во фокусот на енергијата и вештачка интелигенција, а не во, како што рече, „романтични идеи од минатото“. Тој се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, што се одржа во Скопје. Според него, идните политичари мора да имаат познавања од современите технологии и енергетиката, бидејќи...

„Си-ен-ен“: Русија е „најголем победник“ од конфликтот на Блискиот Исток

Војната со Иран ѝ донесе неочекувано олеснување на руската економија, која подолго време се соочува со сериозни предизвици. Зголемените цени на нафтата директно ги полнат државните приходи на Русија, овозможувајќи му на Кремљ да ја ублажи буџетската дупка и да продолжи со финансирањето на воените активности во Украина, анализира „Си-ен-ен“. Според аналитичарот Бен Кахил од Центарот за стратешки и меѓународни...

Македонија со најевтино гориво во регионот, анализира „Би-би-си“

Додека глобалната енергетска криза, поттикната од конфликтите на Блискиот Исток и во Украина, продолжува да влијае врз цените на енергенсите, Македонија се издвојува како земја со едни од најниските цени на горивата во регионот. Според анализа на „Би-би-си“ на српски јазик, бензинот во земјава е за околу 24 проценти поевтин во споредба со Србија, додека разликата кај дизелот надминува 30...

Дебелината е сериозен здравствен предизвик, потребна е поголема свест, истакна Алиу

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен предизвик со растечки тренд, како на глобално ниво, така и во земјава, особено кај децата и адолесцентите. Според податоците, преваленцата на обезност во државата изнесува меѓу 30 и 35 проценти. Во овој контекст, значајна улога имаат центрите за третман на дебелина при Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, соопшти Министерството за здравство. Неделава,...