Четириесет тони јајца од Србија се уништени на Дрисла
Повеќе од 40 тони необележани јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла. Запленети биле на граничниот премин Табановце, а требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Станува збор за две пратки со над 572.000 необележани свежи јајца.
- Инспекциските служби и Одделението за следење измами со храна...
Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопштија од ЈП Македонија пат.
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП...
Геополитичка иронија: Како интересите што сака да ги оствари Вашингтон во светот со отворањето кризи ги ослабуваат САД одвнатре
Редакциска анализа
Во обидот да ја задржат глобалната доминација преку конфликти, САД ризикуваат да го забрзаат сопствениот пад. Наместо промовирање на политиките на трампистичката изворна идеологија, традиционализмот и суверенизмот, вашингтонската администрација, на чело со претседателот Трамп, сега на светската отворена сцена демонстрира и практикува нова хегемонистичка и империјална амбиција, ги губи симпатиите, ги губи позициите, ги губи и сојузниците...
Во пожар изгоре дискотека во Кел
Во дискотеката „Кис клаб“ во германскиот град Кел, во покраината Баден-Виртемберг, во текот на изминатата ноќ избувна пожар кој ја зафати целата зграда, во момент кога во неа имало околу 750 лица, соопшти локалната полиција.
-Пожарот, кој избувна во клубот околу 3:45 часот наутро, се прошири на целата зграда. Според првичните информации на операторот, во моментот кога избувнал пожарот, во...
Само 13 земји во светот дишат безбеден воздух, три од нив се во Европа
Само 13 земји во светот дишат воздух што се смета за безбеден, а квалитетот на воздухот се влошува на глобално ниво, главно поради климатските промени предизвикани од човекот. Ова е според новиот извештај за квалитетот на воздухот во светот за 2025 година, објавен од швајцарската компанија за следење на загадувањето „Ај-кју ер“ по анализа на податоци од 9.446 града...
„Хет-трик“ Куп за Штип УГД
Одбојкарите на Штип УГД ја одбранија куп-титулата и стигнаа до третиот пехар во низа откако во финалето на 33. издание од Купот на ОФМ 2026, со 3:1 (25:17, 22:25, 32:30, 25:13) го победија Борец. Противниците одиграа одлично финале, богато со убави поени, емоција, надмудрување… Сепак штипскиот состав покажа поголема константност и предводена од најкорисниот играч Стојан Илиев, како и...
Приведени лица и казнети објекти во акција на СВР Скопје
Во ноќта меѓу 27 и 28 март, во периодот од 20:00 до 03:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа засилени контроли на подрачјето на Општина Карпош и Општина Кисела Вода, опфаќајќи повеќе угостителски објекти и казина.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во Карпош биле контролирани шест угостителски објекти, две казина и други објекти. При акцијата, едно лице...
Куп-сензација: Историски пехар за Вардар ЕМ!
Дебитантот Вардар ЕМ е освојувач на 33. издание од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако во финалето со 3:0 (25:22, 25:12, 25:22) го победи бранителот на титулата Наковски Волеј.
Каква куп-бајка, апсолутна сензација беа „црвено-црните“ девојки, не само во финалето, туку и низ целото куп-натпреварување годинава и стигнаа до историски клупски пехар. Тимот на Јован Шапе покажа константност...
Протест во Кочани: незадоволство од смената на обвинителката
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по пауза поради одбележувањето на годишнината од трагедијата, денеска повторно одржаа протестен марш, барајќи правда за своите деца.
Маршот, познат како „Марш за ангелите“, се одржа по веќе утврдена маршрута – од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица, до Основниот суд...
Скопје и Битола домаќини на хрватскиот мандолински оркестар „Слога“
Во понеделник во Музеј на македонската борба со почеток во 19 часот, концерт ќе одржи Мандолинскиот оркестар на ХГМД „Слога“ од Загреб, насловен „Мозаик на хрватската мандолина“.
Концертот се реализира во соработка со Амбасадата на Република Хрватска, а гостувањето е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Хрватска.
Следниот ден, на 31 март, оркестарот ќе настапи и во Битола, во КИЦ...








































