Целта ни е на двата аеророма да ја достигнеме бројката од четири милиони патници, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека се во тек разговори со голем број тур-оператори кои организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје, а со еден од нив разговорите финализираат и се пред склучување договор. Овој тур-оператор, како што истакна Мицскоски, надвор од сезоната ќе донесе околу половина милион ноќевања.
Според премиерот, само на охридското крајбрежје надвор од летната сеозна...
Кај матичниот лекар да може да се изрази волја дали ќе се даруваат органите после смртта, предлага Алиу
Законските измени што ги подготвуваме имаат многу подлабока смисла од едноставна правна интервенција. Нивната суштина е насочена кон тоа човекот, за време на живот, кај својот избран матичен лекар, доброволно и јасно да може да ја изрази својата волја дали по смртта сака да биде дарител, таа волја да биде евидентирана во здравствениот систем, а нејзината правна и морална...
Во близина на Виница пронајден ловочувар со прострелна рана
Во близина на Виница пронајдено е тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од државното јавното обвинителство.
Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а според првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.
Посочуваат дека во рамки на истрагата задржани се тројца странски државјани...
Се реконструира аеродромот во Охрид, ќе биде готов до крајот на мај
Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Градежните работи кои, како што беше најавено, ќе му дадат целосно нов лик на аеродромот, е предвидено да завршат до крајот на мај. Проектот ќе обезбеди 4.500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата...
Пожар во солитер во кинеската провинција Шанси, тројца загинаа, а 23 се повредени
Во пожар кој избувна во повеќекатница во градот Тиајуан, во провинцијата Шанси на северот на Кина, загинаа три лица, а 23 се повредени, од кои девет се во критична состојба.
Причината за пожарот сè уште се истражува, пренесе денеска ЦЦТВ Њуз.
Пожарот избувнал вчера околу 20 часот по локално време, а отворениот пламен главно бил изгаснат во текот на ноќта. Структурата...
Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
Кавадарчанец бил лишен од слобода, по пријава во полиција за закани и физички напад врз неговиот татко, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Полициски службеници од ОВР - Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишиле од слобода С.Ј., 48-годишен кавадарчанец, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се...
Внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија, порачува ЈО
По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки. Ниту еден почнат процес, како што соопшти денеска, нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува...
Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност без фискален уред, УЈП најавува засилени контроли
Како дел од континуираните активности за сузбивање на неформалната економија и унапредување на фискалната дисциплина кои Управата за јавни приходи (УЈП) ги спроведува во изминатиот период, почнуваат засилени активности насочени кон субјекти кои вршат дејност и остваруваат промет без регистриран фискален систем на опрема.
Согласно службената евиденција на УЈП, во дејностите трговија на големо и трговија на мало, дејности за...
Саудиска Арабија, Турција и Египет на средба во Пакистан за разговори за војната во Иран
Високи претставници на регионалните сили планираат денеска да се сретнат во Пакистан за да разговараат за тоа како да се прекинат борбите на Блискиот Исток, додека околу 2.500 американски маринци пристигнаа во регионот, а бунтовниците Хути поддржани од Иран влегоа во едномесечната војна во Иран.
Пакистан соопшти дека Саудиска Арабија, Турција и Египет ќе испратат високи дипломати во Исламабад на...
Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети во регионот, јави вчера новинската агенција „Фарс“, која е тесно поврзана со иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
„Фарс“ ја цитираше елитната единица која изјавила дека, доколку американската влада сака нејзините универзитети во регионот да бидат поштедени од одмазднички мерки, мора да го осуди бомбардирањето на иранските универзитети...








































