Од утре промена на надворешните температури
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што...
Кожата околу очите ги открива првите знаци на иритација
Нега и убавина
Вашата кожа е исклучително паметен орган што ќе ве предупреди кога формулата или рутината за нега на кожата не ви одговараат - без разлика дали преку мозолчиња, црвенило, лупење или сѐ заедно. Понекогаш овие знаци се брзи и лесни за препознавање, но други можат да се развијат подмолно и постепено. Дали зголемената сувост е само последица на...
Илјадници вчера, но само едно утре!
Реч на интернационалниот фестивал „Актерот на Европа“
Честопати Балканот го идентификуваат со мозаик на народи, јазици, религии, хетерогени традиции. Но поимот мозаик ги претставува и поимите фигура, пејзаж, хомоген предмет, но исто така и поимот претстава. По толку многу премрежиња поминати неодамна, што претставува зборот Балкан во ова лето 2003-та? Дали сѐ уште има некоја смисла? И што е посебно...
Колку пациентите им веруваат на лекарите што користат вештачка интелигенција?
Предизвиците на новите технологии
Спроведената студија покажа дека лекарите што наведуваат дека користат вештачка интелигенција во својата работа се перципираат како помалку компетентни, помалку сигурни и помалку емпатични. Ова важи и за случаи каде што вештачката интелигенција не се користела за дијагностички или терапевтски цели, туку само за административни задачи. Податоците се добиени откако учесниците, 1.276 возрасни лица од Соединетите...
Младите музички таленти блеснаа под сводовите на „Света Софија“
Охридско лето
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ се одржа завршниот концерт од Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика што се одржува под уметничко раководство на македонскиот виолинист Емилио Перцан и азербејџанската пијанистка Тамила Гулиева.
Виртуозното мајсторство над виолината, уметникот и професор Емилио Перцан во текот на изминатите денови во Охрид несебично им го...
Излезе од печат романот „Необјавен фељтон“
„Македоника литера“ објави нова книга на македонскиот писател Владимир Илиевски – романот „Необјавен фељтон“, кој од повеќе позиции го преиспитува местото на поединецот во општеството и се обидува, преку книжевниот дискурс, да одговори на некои суштествени и егзистенцијални прашања, кои произлегуваат од безмилосниот судир во општествениот систем.
Илиевски креира приказна што ја лоцира во периодот кога ветувачкиот социјализам го губи...
Како да го продолжите животниот век на батеријата на вашиот мобилен телефон
Полнењето на телефонот до 100 отсто повремено е во ред, но ако го правите тоа секој ден или го оставате уредот вклучен долго време, батеријата ќе се празни побрзо. Литиум-јонските батерии не можат да издржат постојано целосно полнење. Решението го нудат опции како што се адаптивна заштита на батеријата на андроид и оптимизирано полнење на батеријата на ајфон, кои...
Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони
Синдикално организираниот кабински персонал на „Ер Канада“ рано утринава ја напушти работата откако пропаднаа преговорите за договорот со најголемиот авиопревозник во земјата, што потенцијално ги наруши плановите за патување за повеќе од 100.000 патници.
Синдикатот што претставува повеќе од 10.000 кабински персонал на „Ер Канада“ ја потврди акцијата во објава на социјалните мрежи.
Ова е прв штрајк на кабинскиот персонал од...
Бела куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска
Американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на НАТО за неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, објавија светските агенции.
Белата куќа соопшти дека разговорот со Зеленски бил долг, по што следел и телефонски разговор со лидерите на НАТО, но не даде детали за разговорите.
Трамп и Путин ја завршија средбата во Алјаска без да дадат...
Искуство што ме нурна во процесот на тоа што значи да се биде режисер
Софија Христовска, млада режисерка, на фестивалот „Преку езерото“
Филмот „Езерото“ на Софија Христовска е филм што ја обработува темата „Старост“, односно протагонистот е 80-годишен старец што е љубител на животот и се однесува како дете, меѓутоа е однесен во старечки дом и таму животот му се менува, односно е ставен во искушение да живее по туѓи правила и се обидува...








































