Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.
Како што се наведува во соопштението на Обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.
Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители јавното обвинителство нагласи дека ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

































