Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

Групата „Европска народна партија – Европски демократи“ во Европскиот парламент ја повика Европската комисија да реагира на тековните настани во Србија. - Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани. Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција,...

Претседателите започнаа витален процес во Алјаска, напиша Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека го поздравува процесот започнат од американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за прекин на војната во Украина. Тој нагласи дека наредните денови ќе покажат дали големите земји членки на Европската Унија ќе го поддржат овој процес. - Претседателите започнаа витален процес во Алјаска - напиша Фицо на „Фејсбук“. Тој...

Во следната фаза на преговори, мора да биде вклучен и Зеленски, истакна Стармер

Патот кон мирот во Украина не може да се одреди без учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска британскиот премиер Киер Стармер. Стармер воедно го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за „неговата решителност да стави крај на крвопролевањето“. Британскиот премиер денеска одржа разговори со западните сојузници по самитот во Анкориџ меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. - Напорите на претседателот...

Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин

Светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. - Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други - напиша Орбан на Фејсбук. Тој додаде дека сега таа практика е завршена. - Светот...

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека би го номинирала претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир доколку помогне да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, без Киев да мора да отстапи територии на Москва. - Искрено, ако може да стави крај на овој ужасен воен конфликт, каде што Путин е агресорот кој изврши...

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со...

Мицкоски: Во првото полугодие имаме за 13,5 отсто повеќе туристи од лани

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави македонскиот премиер Христијан...

Рубио: Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок

Русија и САД имаат долг пат пред себе, но двете страни постигнаа напредок за време на самитот во Алјаска, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Енкориџ. -Сè уште имаме долг пат пред себе, но постигнавме напредок - изјави Рубио за рускиот „Прв канал“, пренесен од руските...

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ по разговорите меѓу Путин и Трамп

Европските лидери, вклучувајќи го и британскиот премиер Кир Стармер, издадоа заедничка изјава по разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. -Ги поздравуваме напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина, да стави крај на агресивната војна на Русија и да постигне праведен и траен мир - се наведува во соопштението. Лидерите нагласија дека следниот чекор...

Од утре промена на надворешните температури

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Како што...