Утринава регистрирани 27 пожари на отворено
Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до осум часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково,...
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
По повод 18 Август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Како што информира Армијата, претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.
Почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата
-Почесната стрелба како дел...
Осумнаесетти марш на ангелите во Кочани
Вечерва се оддржа осумнаесетти „Марш на ангелите“ во Кочани. Маршот се одвиваше по истата маршута како и досега. Родителите и поддржувачите на семејствата чии роднини ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се движеа од Паркот на Револуцијата, општината, полицијата и судот.
На маршот беше истакнато дека правда мора да има.
Во изминатиот период, секоја сабота се организира марш...
Ангелов: Пет активни пожари, најтешки за гаснење во „Јасен“ и Јажинце
Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде е зафатена мешана шума. Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, ставени се во функција и се користат сите можни ресурси. Активен е и пожарот во Јажинце иако...
Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повтори својата заложба за заострување на санкциите против Русија доколку не се одржи трилатерална средба меѓу него, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин или доколку Русија се обиде да избегне ставање крај на војната.
Зеленски изјави дека во разговорот со Трамп, по средбата на американскиот претседател со Путин во Анкориџ, Алјаска,...
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
Групата „Европска народна партија – Европски демократи“ во Европскиот парламент ја повика Европската комисија да реагира на тековните настани во Србија.
- Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани. Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција,...
Претседателите започнаа витален процес во Алјаска, напиша Фицо
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека го поздравува процесот започнат од американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за прекин на војната во Украина. Тој нагласи дека наредните денови ќе покажат дали големите земји членки на Европската Унија ќе го поддржат овој процес.
- Претседателите започнаа витален процес во Алјаска - напиша Фицо на „Фејсбук“.
Тој...
Во следната фаза на преговори, мора да биде вклучен и Зеленски, истакна Стармер
Патот кон мирот во Украина не може да се одреди без учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска британскиот премиер Киер Стармер.
Стармер воедно го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за „неговата решителност да стави крај на крвопролевањето“.
Британскиот премиер денеска одржа разговори со западните сојузници по самитот во Анкориџ меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
- Напорите на претседателот...
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
Светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
- Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други - напиша Орбан на Фејсбук.
Тој додаде дека сега таа практика е завршена.
- Светот...
Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии
Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека би го номинирала претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир доколку помогне да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, без Киев да мора да отстапи територии на Москва.
- Искрено, ако може да стави крај на овој ужасен воен конфликт, каде што Путин е агресорот кој изврши...








































