Три американски држави испраќаат национална гарда во Вашингтон за справување со криминалот
Три американски држави презедоа мерки за распоредување на свои единици од Националната гарда во главниот град Вашингтон за да ги поддржат напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за реформирање на полициската работа преку федерални мерки за борба против криминалот и бездомништвото.
Западна Вирџинија соопшти дека распоредува меѓу 300 и 400 војници од Националната гарда, Јужна Каролина вети 200, а...
Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што информира Јавното обвинителство, на 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од...
МВР демантира дека спречиле граѓани да присуствуваат на протестот во Кочани
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”.
Како што наведува МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.
Министерството апелира да не се шират дезинформации...
Мерц го критикува начинот на кој Трамп го организираше самитот во Аљаска
Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж.
Во интервју за германската јавна телевизија АРД, дадено синоќа, Мерц рече дека самитот бил одржан со „голем протокол“ и додаде: „Руските медиуми ликуваат....
Европските лидери треба да одлучат дали ќе одат со Зеленски во Вашингтон
Европските лидери денеска ќе одлучат дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе биде придружуван за време на неговата посета на Вашингтон, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
На прашањето дали германскиот канцелар Фридрих Мерц би можел да го придружува Зеленски во Вашингтон, Вадефул одговори дека многу Европејци би сакале...
Ураганот „Ерин“ се засили до највисоката, петта категорија
Ураганот „Ерин“, првиот во Атлантскиот Океан за оваа сезона, се засили до катастрофална петта категорија според скалата на Сафир-Симпсон, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НЦУ).
Бурата се наоѓа на околу 285 километри североисточно од главниот град на Порторико, Сан Хуан, придружена со постојани ветрови со максимална брзина од 260 км/ч. Според прогнозите на НЦУ, „Ерин“ ќе се движи на...
Дачиќ: Повреден припадник на Жандармеријата, уапсени се 18 лица
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии.
Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти имало во Ваљево, Белград и...
Поради пожарот во „Јасен“, сѐ уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје
Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП...
На „Табановце“ се чека 40 минути
На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, на „Богородица“ околу половина час, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, поради летните одмори зголемена е фреквенцијата на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а...
Утринава регистрирани 27 пожари на отворено
Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до осум часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково,...








































