Рубио: Самитот на Путин и Трамп беше „многу добар и продуктивен“
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржан на 15 август на Алјаска, бил „многу добар и продуктивен“.
На прашање на руски новинари, тој кратко одговори: „Многу добро. Беше многу продуктивно“.
Путин и Трамп се сретнаа во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ. Разговорите траеја нешто помалку од три часа...
Локализиран пожарот во Слупчане
Пожарот што денеска избувна во боровата шума над селото Слупчане, општина Липково е целосно локализиран и ставен под контрола. Во моментов екипите работат на негово целосно догаснување, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Тој информира дека во акцијата се ангажирани 10 припадници на „Национални шуми“ – подружница Куманово со две специјализирани возила за гаснење шумски...
Монсуни во Пакистан: 350 загинати, потрага по 150 исчезнати
Спасувачите веќе три дена трагаат по најмалку 150 исчезнати лица на северот на Пакистан, каде во монсуните загинаа 350 луѓе, соопшти денеска пакистанската служба за вонредни ситуации.
Само во округот Бунер, „најмалку 150 луѓе веројатно се заробени под урнатините на нивните домови или се однесени од водата“, изјави официјален претставник на службата за вонредни ситуации.
Од четвртокот, монсунските дождови предизвикаа поплави,...
Пожари во Црна Гора: критична состојба во Пипери и околните општини
Пожарот во Пипери, во близина на црногорскиот главен град Подгорица, е во критична фаза, а сите расположливи противпожарни екипи се на терен. Најзагрозени се населбата Копиље и подрачјето Стијене Пиперске, при што постои опасност северниот ветер да ја прошири огнената стихија.
Пожари беснеат и во Бијело Поље, Даниловград и Никшиќ, што дополнително ги оптоварува пожарникарите.
Во гаснењето се вклучени хеликоптери од...
Возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, возеле под дејство на алкохол, двајца предизвикале и сообраќајни несреќи
Министерството за внатрешни работи информира дека се лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, кои возеле под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни несреќи. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полицијата вчера во 12:10 часот на улица...
Утре ќе биде посвежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, над 15 литри на метар квадратен. Ќе има и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Од вторник ќе преовладува претежно...
Зеленски го осуди неспроведувањето на прекинот на огнот на Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди одбивањето на Русија да спроведе прекин на огнот, оценувајќи дека таквата одлука „ја комплицира ситуацијата“ во остварувањето на мировниот план што го побара американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.
- Гледаме дека Русија одбива бројни повици за прекин на огнот и сè уште не утврдила кога ќе престане со...
Три американски држави испраќаат национална гарда во Вашингтон за справување со криминалот
Три американски држави презедоа мерки за распоредување на свои единици од Националната гарда во главниот град Вашингтон за да ги поддржат напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за реформирање на полициската работа преку федерални мерки за борба против криминалот и бездомништвото.
Западна Вирџинија соопшти дека распоредува меѓу 300 и 400 војници од Националната гарда, Јужна Каролина вети 200, а...
Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што информира Јавното обвинителство, на 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од...
МВР демантира дека спречиле граѓани да присуствуваат на протестот во Кочани
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”.
Како што наведува МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.
Министерството апелира да не се шират дезинформации...








































