Фото: ДЗС

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска регистрира рекорден број активни пожари во текот на ова лето. До 17 часот на територијата на државата биле евидентирани вкупно 21 пожар, пренесе МИА.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, информираше дека службите се максимално ангажирани на терен, со цел локализирање и целосно гасење на пожарите.

Активни пожари се регистрирани на следните локации:

  • Општина Македонски Брод – месноста Видуш, во близина на село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
  • Општина Студеничани – над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума;
  • Општина Студеничани – село Батинци, каде гори ѓубре;
  • Општина Илинден – населба Илинден, ниска вегетација;
  • Општина Желино – село Чифлик, ниска вегетација и мешана шума;
  • Општина Зелениково – село Строхијадица, шума;
  • Општина Кичево – село Осој, каде гори плевна;
  • Општина Кичево – село Манастирско Доленци, шума;
  • Општина Дебарца – на потегот од село Климештани кон село Ботун, ниска вегетација;
  • Општина Јегуновце – село Копанце, шума и ниска вегетација;
  • Општина Тетово – село Џепчиште, ниска вегетација;
  • Општина Теарце – село Пршовце, ниска вегетација;
  • Општина Гостивар – кај „Глоба Балкан Груп“, ниска вегетација;
  • Општина Чаир – кај Специјалното училиште „Иднина“ и Поликлиниката Чаир, ниска вегетација;
  • Општина Прилеп – село Тополчани, кај млинот, висока вегетација;
  • Општина Новаци – село Маково, ниска вегетација;
  • Општина Штип – село Врсаково, ниска вегетација;
  • Општина Битола – село Драгош, ниска вегетација;
  • Општина Центар Жупа – Центар Жупа, нива;
  • Општина Ѓорче Петров – кај железничката станица, ниска вегетација;
  • Град Скопје – улица „Гоце Делчев“, ниска вегетација.

Од ЦУК посочуваат дека службите остануваат целосно ангажирани на терен во напорите за ставање на пожарите под контрола и нивно гасење.