Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од д-р Кедев

Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. -Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени...

Информација за работењето на Групација Триглав во првото полугодие од 2025-та година

Исклучителни резултати на Групација Триглав во првото полугодие од 2025-та година   Групација Триглав по првото полугодие, ја зголемува својата прогноза за годишниот деловен резултат во 2025-та година.   Вкупниот деловен обем на Групација Триглав порасна за 18 проценти, во однос на првата половина од минатата година и изнесува 1.065,3 милиони евра. Овој раст, главно е резултат на зголемувањето на бруто полисираната...

Спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“

Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“  го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство покажувајќи како театарот може да...

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени и настрадани

Пожарот на опожарените бараки (т.н. лепенки) во Влае, кој избувна попладнево, се става под контрола, информираат од Дирекција за заштита и спасување. -Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица - велат од ДЗС.

Да ставиме крај на оваа работа

Чекав да дојде 18 август, кога мојот пријател, министерот за култура Зоран Љутков, вети дека ќе ја посети меморијалната поставка во чест на Петре М. Андреевски, а по повод мојот постиран текст во кој, врз база на доставени документи од семејството, тврдев дека поставката не се одржува како што треба. Вети и исполни, и на 18 август најпрвин телефонски ме...

Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка

Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на...

Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли, велат од ТИРЗ

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денеска во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател на управниот одбор на хрватската компанија Елка, која е дел од Искра групацијата. На средбата се разговараше за потенцијалните можности за изградба на нова фабрика за електрични кабли во рамките на ТИРЗ, која би била специјализирана за...

Малолетници каменувале автобус со српски туристи во Грција

Група од четири, веројатно малолетни лица, доцна синоќа со камења нападнале автобус со српски туристи на автопат на излез од Солун, а полесно се повредени три лица, меѓу кои вториот возач и две патнички, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, автобусот се враќал од Халкидики кон Србија, а инцидентот се случил на стариот излез за автопатот Солун-Верија. Фрлените...

Утре и задутре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје

Утре и задутре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје. -Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци....

Наташа Поплавска ја режира „Татко“ во Никшиќскиот театар

Во Никшиќскиот театар започнаа пробите за новата претстава „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, а премиерата е закажана за почетокот на октомври. Претставата „Татко“ е едно од најпознатите дела на Зелер и освои престижни награди. Истиот текст е искористен за снимање популарен филм, кој освои „оскар“, истакнуваат од Никшиќскиот театар. Режисерка е Наташа Поплавска, а Весна Сушиќ ќе...