Фото: Фејсбук/Министерство за здравство

Министерството за здравство реагира дека здравствениот систем во Гостивар навремено постапил, пациентите добиле соодветна медицинска грижа, а јавноста била информирана за состојбата, пренесе МИА.

Од Министерството велат дека ја почитуваат законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ и очекуваат надлежните институции професионално и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот.

МЗ информира дека целосно ќе соработува со надлежните институции и без одложување ќе ја достави потребната документација, анализи и информации.

Во реакцијата се оценува дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите и се повикува институциите непречено да ја завршат постапката.

Од Министерството нагласуваат дека приоритети остануваат функционален здравствен систем, заштита на здравјето на граѓаните и утврдување на фактите врз основа на докази.