Фото: ЕПА/илустрација

Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, соопштија локалните власти. Десетици објекти се урнати, а има и повредени и лица заробени под урнатините.

Епицентарот бил во близина на Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, на околу 400 километри западно од Богота. Според Геолошкиот завод на САД, земјотресот се случил на длабочина од 107 километри и бил почувствуван и во Еквадор и Панама.

Колумбискиот Геофизички институт соопшти дека станува збор за најсилниот земјотрес регистриран во земјата во последните десет години. По главниот потрес биле регистрирани и два секундарни потреси со магнитуда од 2,8 и 4,8 степени.

Поради земјотресот биле евакуирани жители во повеќе населени места, а привремено биле суспендирани и летовите на аеродромите во Манисалес, Кибдо, Арменија, Картаго, Буенавентура и Переира.

Претседателот Абелардо де ла Есприела пристигна во Богота, каде ја предводи координацијата на итните мерки заедно со потпретседателот, министрите и претставници на службите за управување со катастрофи.