Стоматолошка комора: Со доставувањето наводни докази на Алиу до ЈО конечно ќе може да се потврдат тврдењата за исправноста во нашето работење

Стоматолошка комора на Македонија соопшти дека веста дека министерот за здравство Азир Алиу ги доставил до Јавното обвинителство сите докази за сите нивни наводни неправилности ја примиле со одобрување, бидејќи, како што посочуваат, конечно ќе има можност и нивните докази да стигнат пред непристрасна институција и каде ќе можат да ги потврдат нивните тврдења за исправноста во работењето на...

Лавров: Не е планирана средба Путин – Зеленски

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот колега Володимир Зеленски. - Нема планиран состанок… Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред - истакна Лавров во денеска објавеното интервју за американската телевизија Ен-би-си. Тој...

Во најскоро време Дојранското Езеро ќе го добие изгледот кој што заслужува, најави Мицкоски

Пристапуваме кон системско санирање на хидросистемот Ѓавато и тој во најскоро време ќе биде целосно оперативен и функционален, најави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот увид во градежните активности за санација на хидросистемот. -Излеговме на самата траса од хидросистемот Ѓавато за лично да се увериме и видиме што се случувало повеќе од две децении откако е направен овој хидросистем за да...

Николоски: Постојните мобилни оператори не направија ништо да ги намалат цените

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија. -Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или...

Изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков во рамките на Струшките вечери на поезијата

Во рамките на програмата на 64-тите Струшките вечери на поезијата во хотел Дрим беше отворена изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков, кој е и автор на визуелните материјали, плакатот и изложбениот материјал на ова фестивалско издание. На изложбата претставени се 10-тина графички дизајнирани плакати со македонската глаголица. -Моите дела се одредена рефлексија на тоа што треба да претставува...

Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е извршена најсложената трансплантација досега кај пациент, маж на 64-годишна возраст, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница. Пациентот, како што информираат од Министерство за здравство, бил подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, реконструкција со графт од кадавер и фиксација со клин, соопшти Министерството за здравство. -Операцијата беше во...

МЗ ја достави документацијата за надзор на Стоматолошката комора до Обвинителство

Целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавното обвинителство за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности, велат од Министерството за здравство. Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.2.2025 година, од...

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник. Како што информира МЕРМС, од формирањето на ресорното министерство до денес, вкупно се донесени 34 одлуки...

Левица го кандидира Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје

Партијата Левица денеска соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе биде нивен кандидат за градоначалник на град Скопје. -На овие избори ќе ги актуелизираме оние прашања кои никој нема интерес да ги актуелизира. Оваа кандидатура меѓудругото произлегува и од два фактора - првиот што јас, иако сега пратеник во Собранието на Република Македонија имав тригодишен мандат како советник во скопскиот Совет...

Губењето тежина е сериозен предизвик

Медицински совет Во морето од планови за исхрана и програми за вежбање што ќе ве вратат во форма за еден, два, пет месеци или една година, постојат многу бесмислени препораки, од кои некои можат негативно да влијаат на вашето здравје. Губењето тежина е цел за многу луѓе што сакаат да ги подобрат своето здравје, изглед и самодоверба. Сепак, тоа не...