Апелациониот суд им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба на дете
Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на...
Предложен притвор за син кој ја уби мајка си во Росоман
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
- Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи...
Промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“
Во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, утре во 11 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“.
„Антологија на античката лирика“ претставува обемен избор од песни што се создадени во Античка Хелада и Рим, препеани од старогрчки и латински од Елена Колева, Љубинка Басотова, Даниела Тошева, Војислав Саракински, Валериј Софрониевски,...
Мицкоски и Орбан разговарале за продлабочување на стратешкото партнерство
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Будимпешта, Унгарија, оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а се обрати и на настан организиран од „Матиас Корвинус Колегиум“ (Mathias Corvinus Collegium) (MCC), престижна научна, образовна и истражувачка институција.
На средбата со Орбан, како што информираат од Влада, била потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу...
Успешно претставени инвестициските можности пред бизнис заедницата во Унгарија
По повод Денот на деловна соработка меѓу Унгарија и Македонија, денес во Будимпешта беше организиран настан на кој учествуваше и директорот Гоце Димовски, каде пред претставници на унгарската бизнис заедница ги презентираше инвестициските потенцијали и можностите што ги нуди државата и ТИРЗ за странските инвеститори.
Воведни обраќања на настанот имаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања на Унгарија,...
Поголем дел од Охрид и околните места од утре вечер ќе бидат без вода
Поради изведување на поголеми зафати при реконструкција во пумпната станица „Метропол“, како и празнење на главниот доводен цевковод со профил 711 милиметри, од утревечер после 22 часот, целиот град и околните места ќе бидат со намален притисок во водоводната мрежа.
Истовремено од Јавното претпријатие „Водовод “ посочуваат дека задутре, во среда 1 април, од раните утрински часови без вода ќе...
Мицкоски од Будимпешта: Македонија е отворена за инвестиции – рекордни 1,25 милијарди долари странски вложувања
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на бизнис форумот во Будимпешта, на тема „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“, настан кој обедини претставници на институциите и деловните заедници од двете земји со цел продлабочување на економските односи, размена на искуства и отворање нови инвестициски перспективи.
Мицкоски, во своето обраќање, истакна дека ваквите форуми не се само...
Мицкоски од Будимпешта: Обновената линија Скопје–Будимпешта ќе ја засили економијата и туризмот
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека повторното воспоставување на линијата меѓу Скопје и Будимпешта претставува значаен чекор за унапредување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот.
По пристигнувањето во Будимпешта, каде престојува во политичко-економска посета на Унгарија, Мицкоски истакна дека новата линија ќе ја олесни мобилноста на граѓаните и ќе придонесе за поголема културна размена.
- Дополнително, македонските граѓани можат...
Првпат потпишан поединечен колективен договор во Јавното обвинителство – следува зголемување на платите
За првпат е потпишан поединечен колективен договор за вработените во Јавно обвинителство на Македонија, со што се уредуваат правата и обврските на јавнообвинителската служба.
Договорот го потпишаа јавниот обвинител Ненад Савески, претседателот на Синдикат на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателката на синдикалната организација при обвинителствата Изабела Илиева.
Ова е првпат правата на вработените во јавнообвинителската служба да се гарантираат со ваков...
27-годишник од Росоман осомничен за убиство на мајка си, поднесена кривична пријава
Кривична пријава е поднесена против 27-годишник од Росоман, осомничен за убиство на својата мајка - информираа од СВР Велес.
-На 30.03.2026 ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против И.Р.(27) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик. На 30.03.2026 околу 07:00 часот во семејниот дом,...








































