Седма средба на Македонија со Р Ирска, прва по 15 години
ФУДБАЛ - ТЕСТ-МЕЧ ВО ДАБЛИН
Сега сме целосно фокусирани на Ирска. Не постојат пријателски натпревари, секој меч го играме за победа. Сакаме да се надигруваме со секого и да покажеме квалитет, како што сме знаеле и претходно, вели репрезентативецот Ѓоко Зајков, пренесе ФФМ
Седмиот меѓусебен дуел на фудбалските репрезентации на Македонија и на Република Ирска е вечерва (од 20.45 часот)...
Најголем успех е да се поттикне желбата за знаење кај учениците
Пријатели на децата: Сузана Николоска, наставничка по македонски јазик
Со над тридецениската работа, проткаена со многу значајни успеси, постигнувања и признанија, секако името на Николоска може да се поистовети со зборот успех. За неа, успехот на еден просветен работник не е во неговата детерминираност на знаење, ниту во начинот на кој го предава тоа, туку во стимулирањето и мотивирањето...
Нетанјаху: Израел оствари повеќе од половина од воените цели во конфликтот со Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел постигнал повеќе од половина од своите воени цели во конфликтот со Иран, без да прецизира временска рамка за негово завршување.
Во интервју за американскиот телевизиски канал Њузмакс, Нетанјаху посочи дека операциите продолжуваат според планираното.
-Јасно е дека сме изминале повеќе од половина пат, но не сакам да одредувам временски рок – изјави тој, на...
Ирански комитет одобри нацрт-закон за патарини во Ормускиот Теснец
Безбедносниот комитет на иранскиот парламент одобри нацрт-закон за воведување систем на патарини во Ормускиот Теснец, како и можни ограничувања за бродови поврзани со земји што вовеле санкции кон Иран.
Предлогот ќе биде доставен на понатамошна дебата и гласање во парламентот, изјави членот на комитетот Моџтаба Сари.
Според предлогот, се предвидува ограничување на транзитот за бродови поврзани со САД, Израел и други...
МРТ во светот на среќата и среќните медиуми
Како и секаде, јавниот радио-телевизиски сервис има три функции, првата да информира, втората да образова и третата да забавува. Сето тоа во согласност со националната стратегија што ја носи Владата, а се однесува на департментите што треба да креираат, развиваат, произведуваат, дистрибуираат и на крајот од сѐ - да продадат оригинални содржини во и надвор од земјата и така...
Дали нафтата од 150 долари ќе ја турне глобалната економија во тешка рецесија?
Случувањата на Блискиот Исток сѐ пожестоко се одразуваат врз глобалните економски текови
Пораката од глобалните економски лидери е јасна. Државите мора да бидат прагматични. Потребна е комбинација од сите достапни извори за да се обезбеди евтина енергија како темел за раст. Во спротивно, прогнозата за „остар и длабок пад“ би можела да стане реалност. Но пораката од некои наши...
Дебелината е болест, а не недостиг од дисциплина
Дебелината е сложена здравствена состојба што не е поврзана со карактерот или со недостигот од дисциплина. Како што објаснува кардиологот д-р Нина Редфорд,„дебелината е хронична, неврохормонална метаболна болест. Таа не е карактерна мана и не е знак на мрзливост или недисциплина“. Сепак, важно е да се разбере нејзиното влијание врз здравјето бидејќи вишокот масно ткиво, особено во пределот на...
Американски специјални сили распоредени на Блискиот Исток?
Стотици припадници на специјалните сили на САД се распоредени на Блискиот Исток, јавуваат медиуми како Њујорк тајмс и Си-би-ес њуз, повикувајќи се на воени извори и лица запознаени со операцијата.
Распоредувањето вклучува припадници на елитни единици, меѓу кои ренџери и морнарички фоки, кои им се придружуваат на илјадниците американски маринци и падобранци веќе присутни во регионот.
Според истите извори, засилувањето е...
ЕК одобрила 1,5 милијарди евра за Програмата за европската одбранбена индустрија
Европската комисија денеска соопшти дека одобрила работна програма во вредност од 1,5 милијарди евра во рамки на Програмата за европска одбранбена индустрија (EDIP), со цел зајакнување и модернизација на европската одбранбена индустрија.
Прецизирано е дека 260 милиони евра ќе бидат наменети за „Инструментот за поддршка на Украина“ во рамки на ЕДИП (EDIP), за инвестиции во заеднички проекти за зголемување на...
Апелациониот суд им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба на дете
Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на...








































