Инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија
Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од инстант лозот „Доме
сладок доме“. Со мала инвестиција од само 100 денари, тој ја предизвика среќата и
освои стан во Скопје. Интересно е што првиот купен лоз му донел добивка од 100
денари. Тој се одлучил да ја замени добивката со нов лоз и токму замената го довела доголемото изненадување – сопствен...
Бојчевиќ: „Признанието“ на Јовановски не е валидно, постапката продолжува со докази
Обвинителката Адела Бојчевиќ по денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје против Стојанче Јовановски изјави дека исказот на обвинетиот не ги исполнува законските услови за признание на вина, поради што судот не го зел предвид и постапката продолжила со изведување докази. Законската застапничка на оштетените, адвокатката Неда Чаловска, истакна дека очекува обвинението да биде прифатено во целост.
Во изјава за...
Енергетска обнова на јавни објекти: стартува инвестициски циклус вреден до 50 милиони евра
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој беше означен почетокот на подготовките за значаен инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради во државата, пренесе МИА.
Како што соопшти ресорното Министерство, на состанокот биле презентирани насоките за изработка на подготвителна студија за...
На полноќ поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
Максималната малопродажна цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 до 3 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто.
Малопродажната цена на бензинот...
Сведочење во судот: Мајката на Ивана откри детали за долгогодишно насилство и напад во болница пред малолетната ќерка
Мајката на починатата Ивана Јовановска, Љубица Стојановска, во своето сведочење пред Основниот кривичен суд Скопје изнесе сериозни обвинувања за долгогодишно физичко насилство што, според неа, нејзината ќерка го трпела од сопругот Стојанче Јовановски.
Таа посочи дека во 2025 година Ивана била нападната во нивниот стан, по што успеала да избега, а случајот бил пријавен во полиција. Сепак, поради страв, таа...
Многу добри резултати остварени во 2025 година; на акционерите ќе им биде предложена дивиденда што е за 7% повисока од минатата година
Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го одобри Ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и на нејзината матична компанија за 2025 година и, заедно со Управниот одбор, предложи бруто дивиденда од 3,00 евра по акција.
Групација Триглав оствари многу добри резултати во 2025 година, при што добивката пред оданочување се зголеми за 9% и достигна 174,1 милиони евра, а нето-добивката...
ОТВОРЕН ПОВИК: Проектот „Сликите на вкусот (Frames of Flavours)“ ги обединува младите фотографи од регионот
Проектот „Сликите на вкусот (Frames of Flavours)“ објавува отворен повик за млади уметници и фотографи (18-35 години) од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Оваа регионална иницијатива го истражува дијалогот помеѓу генерациите и културите преку еден од најсилните заеднички јазици на Балканот – храната.
Локален партнер одговорен за спроведување на проектот во Македонија е Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“, кој ја координира...
Раст на реалниот промет во малопродажбата на храна, пијалаци и тутун во февруари
Реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари 2026 година е зголемена за 11,1 отсто во споредба со истиот месец лани - соопшти Државен завод за статистика.
Според објавените податоци, во трговијата на мало во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, прометот во оваа група номинално е зголемен за...
АХВ со засилен инспекциски надзор пред Велигден за безбедност на храната
Во пресрет на Велигден, Агенција за храна и ветеринарство спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава, поради традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, пренесе МИА.
Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – од производство и преработка, до дистрибуција и продажба, со цел да се спречи пласирање...
Мајката на починатата Ивана сведочеше пред Судот: Ќерка ми со години живееше во страв и под постојана контрола
Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката.
Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа, како што пренесува МИА, рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија,...








































