Дипломатски превирања околу Газа и Украина ги разнишуваат трансатлантските односи

Во писмо упатено до францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот амбасадор Чарлс Кушнер го истакнува „недостигот од доволна акција“ од страна на француската влада во услови на „зголемување на антисемитизмот“ во земјата. Француското МНР ги осудува овие забелешки како „несоодветни на квалитетот на трансатлантските односи меѓу Франција и САД“. Претходно Париз го повика италијанскиот амбасадор по „неприфатливите“ коментари на вицепремиерот...

Пијано-скалила за Тоше

ФОТОВЕСТ Вредните раце на учениците од ОУ „Никола Карев“ од Крушево ги обоија скалите на улицата што го носи името на незаборавниот македонски пејач Тоше Проески со црна и бела боја, како клавишите на пијаното. Создавајќи прекрасен спомен за оваа македонска поп икона, тие направија и нова атракција во градот. - Овој гест покажува дека љубовта и сеќавањето за него живеат...

Едно жешко августовско лето во Охрид

ОД ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ: ПАНДЕ МАНОЈЛОВ (1948- 2020) Во вашата сакана рубрика преку која се запознавате со македонските писатели за деца и со нивното творештво денес ви го претставуваме и се потсетуваме на писателот Панде Манојлов. Роден е во битолското село Породин, на 2 мај 1948 година. Тој е поет, раскажувач, критичар и новинар. Студирал право во...

Инвестиции во мирот наместо во војна!

Во време кога една Германија се најде во ситуација нејзиниот канцелар да изјавува дека земјата се наоѓа во структурна криза на економијата, тогаш повеќе од јасно е дека европската економија забревтано се движи кон амбисот. Европските харикири-политики доведоа до тоа економиите да пропаѓаат поради неконкурентните цени, така што прашање е само редоследот на колапсот на европските економии, кои во...

Суровата сатира ја отсликува реалната политичка немоќ на Европа

Што покажаа оваа политичка Европа, шефицата на Европската Унија и споменатите европски челници и какви реакции предизвикаа тие со својот разговор со американскиот лидер Трамп? Во својот уреднички коментар со наслов „Снежана и седумте џуџиња“, објавен на 20 август во италијанскиот весник „Ил Фато квотидијано“, главниот уредник Ди Марко Бертолио ќе најде асоцијации меѓу бајката за Снежана и седумте...

Шкотската фудбалска федерација со експерти за авијација ќе им помага на судиите

Вили Колум, раководител на судењето на ШФА, откри дека врвните судии во Шкотска присуствувале на состанок со двајца пилоти Шкотската фудбалска федерација (ШФА) ангажираше експерти за авијација што ги обучуваат пилотите за да помогнат во подобрувањето на комуникацијата меѓу службените лица на ВАР за новата фудбалска сезона. Вили Колум, раководител на судењето на ШФА, откри дека врвните судии во Шкотска...

Време е за акција и за снимање нови серии и филмови за млади!

Децата се најблагородна публика и имаат право на свои омилени серии од домашно производство, серии што ќе остават незаборавна сончевина во нивното детство. Имаме креативни сили од сите уметнички профили. Јас сум оптимист и верувам дека овој недостиг од ваков вид програма е веќе детектиран и се преземаат иновативни чекори за повторно заживување на телевизиската продукција за деца и...

О, смртни луѓе во времето! Поезијата мора да биде бесмртна идеја!

O tempora, o mores! Го читам професорот од „Сорбона“, Ремон Пикар, кој своевремено говореше за критиката на поезијата и прашува од каде ѝ е правото на уметничката поетска критика да суди за божествените увиди на поетот споменувајќи го познатиот спор меѓу Сартр и Волтер (Сартр, кој велеше дека поезијата мора да има своја општествена функционалност, на пример да ја поттикне...

Трамп: Пентагон во следните денови ќе го врати името во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон во следните денови ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна со цел на Пентагон да му се врати „воинствениот етос“. Политико потсетува дека официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп и претходно ја критикуваше промената на името во Министерство...