Трамп се закани со економски санкции ако Путин не се согласи на прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици. -Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна - рече Трамп. Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите ако војната...

Нема активни, под контрола пожарите во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф

Нема активни пожари на отворен простор на територија на државава, според податоците до седум часот утрово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Ставени се под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени. Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. На територија на селата Долгаец и Стровија, исто така, опожарена е мешана...

Трамп вети дека ќе ја врати смртната казна за убиство во Вашингтон

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска вети дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон, иако таа беше укината во 1981 година, пренесоа светските новински агенции. - Ако некој убие некого во главниот град, Вашингтон, ќе бараме смртна казна. А тоа е силно средство за одвраќање - рече Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата...

Мерц и Карни потпишаа германско-канадски договор за критични суровини

Германија и Канада потпишаа договор за поблиска соработка во ископувањето на клучни суровини кои се користат во производството на батерии, електрични мотори и ветерни турбини. Германската министерка за економски прашања, Катерина Рајхе, и канадскиот министер за енергетика, Тим Хоџсон, денеска во Берлин потпишаа заедничка изјава за намери, пренесе ДПА. Рајхе го опиша тоа како сигнал за сигурност на снабдувањето и конкурентност....

Влада: Преку Министерство за транспорт продолжува силна активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Бугарија

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево од владината прес-служба. - По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба...

ТАВ Македонија донира целосно опремено амбулантно возило на Општата болница во Кочани

ТАВ Македонија, операторот на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило на Јавната здравствена установа Општа болница – Кочани, подобрувајќи го итниот медицински одговор и итна медицинска помош како за граѓаните на општина Кочани, така и за граѓаните на источниот регион на земјата. -Во ТАВ Македонија, нашата посветеност кон заедницата оди подалеку од...

Славевски најави поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење

Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели. - Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме...

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

 Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија и Борче Стаменов од Иницијативата „Донирај компјутер“. Наградата им се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу...

ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. -ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија...

Сијарто побара од Зеленски да престане со закани и напади врз унгарската енергетска безбедност

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро ја критикуваше Украина поради нападите врз руските нафтоводи преку кои се снабдува неговата земја, предупредувајќи дека ваквите акции директно ја загрозуваат енергетската безбедност и државниот суверенитет на Унгарија. Сијарто на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер) порача до украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане со заканите и нападите врз унгарската енергетска инфраструктура. „Суверенитетот...