Наставниците во средните може да се пријават на обука за вештачка интелегенција
Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука.
Обуката „AI во училница“ е наменета за наставници со основно познавање на дигитални алатки и активно владеење на англискиот јазик за да им помогне да ја интегрираат вештачката интелигенција во...
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во СВР Штип несреќата е пријавена денеска во 9.43 часот.
- СВР Штип е пријавено дека во село Облешево, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетало надвор од...
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи да се намали времетраењето на престојот во САД за странски студенти и новинари, бидејќи се заоструваат ограничувањата за легалната имиграција во земјата.
Според предлогот, странските државјани кои имаат студентски визи нема да имаат право да останат во САД повеќе од четири години.
Престојот на странските новинари ќе биде ограничен на 240 дена, иако...
Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија
На граничниот премин Меџитлија во патничко возило „Мерцедес“ со македонски таблички пронајдена е поголема количина на хемиски средства за прскање на растенија со вкупна вредност од 16.058,00 евра.
Како што соопшти Царинската управа, биле пронајдени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF кои биле скриени во багажниот...
Димитриеска Кочоска: Сметам дека данокот за нов стан треба да остане на 5 проценти
На Телевизија Сител во „Тема на ден“ гостуваше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. Во врска со истекувањето на повластената стапка за купување на нов дом, Димитриеска Кочоска истакна дека не е потребно дополнително оптоварување на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
- Сѐ уште анализираме, ќе излеземе со конечна одлука, сметам дека не...
Мицкоски: Потпишувањето на колективниот договор во делот на социјалната заштита е историски чекор
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за околу 20 проценти и подобрување на условите за работа.
- Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за...
Сите членки на СБ на ОН, освен САД, повикаа на итен прекин на огнот во Газа
Сите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, освен САД, на прес-конференција повикаа на итен прекин на огнот во Газа и изразија загриженост поради „намерно предизвиканиот“ глад во палестинската енклава.
- Изразуваме длабока загриженост поради податоците за гладот во Газа, изјави заменик-постојаниот претставник на Гвајана во ОН, Тришал Персо, и истакна дека ова е „прв пат гладот официјално да...
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку осум лица, вклучувајќи едно дете, загинале во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев.
Зеленски изјави на X дека тимови за итни интервенции моментално ги чистат урнатините на петкатната станбена зграда, додека потрагата по евентуални преживеани продолжува.
- Ова е уште еден масовен напад врз нашите градови и заедници. За жал, веќе е потврдено дека...
Психијатриско вештачење за тројцата осомничени од Кавадарци
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Тешка телесна повреда со смртни последици“, согласно член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, двајца 27-годишници и еден 35-годишник, на 27 август околу 5 часот наутро имале вербална расправија со оштетениот во казино во...
Силјановска-Давкова: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.
- Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста...







































