Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на денот се евидентирани четири пожари кои почнале на планинските подрачја на Општина Желино. Пожари има околу селата Мерово на планината Сува Гора и околу Церово на планината Жеден, а според ЦУК сите пожари се ставени под контрола благодарение на брзата реакција и координацијата на надлежните служби. - Во селото...

Зеленски лут на Унгарија бидејќи забрани влез за шефот на украинските сили за дронови

Унгарската влада му изрече тригодишна забрана за влез во шенген-зоната на шефот на украинските сили за дронови Роберт Бровди по нападот врз руски нафтовод кон Унгарија, што предизвика бес кај украинскиот претседател Володимир Зеленски - пренесе ДПА. - Неодамнешниот тежок воздушен напад врз нафтоводот Дружба беше напад врз суверенитетот на Унгарија - рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто...

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде импленетиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава. Ова денеска го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан...

Стоечки овации за „Мајка“ во Венеција: Блеснаа Ристановски, сестрите Митевски, Рапас…

Со долг аплауз и стоечки овации, долгоочекуваниот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81. Венецискиот филмски фестивал во преполната сала „Дарсена“, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“. Филмот ја раскажува интимната и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година, во мигот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа...

Орце Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје остварил средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ. -Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран Јанковиќ. Средбата помина во пријателска атмосфера, при што разменивме значајни искуства и визии за идната соработка помеѓу Скопје и Љубљана. Добив драгоцени совети и поддршка...

Четириесетидеветгодишен битолчанец се удавил во Охридското езеро

Четириесетидеветгодишен битолчанец се удавил вчера во водите на Охридското Езеро. Како што информираат од полицијата, на 27 август во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а...

САД го потврди правото на самоопределување на Гренланд во екот на обвинувања за политичко влијание

Вршителот на должноста американски амбасадор во Данска, Марк Штро, го потврди правото на самоопределување на Гренланд откако данските разузнувачи издадоа извештај во кој тврдат дека американски граѓани, кои не се членови на владата или дипломати, се обидуваат да влијаат врз политичката ситуација во оваа арктичка територија. Штро, во текот на посетата на Копенхаген, се сретна со дански и гренландски функционери...

Кремљ и натаму е заинтересиран за продолжување на преговорите со Киев, вели Песков

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија и натаму е заинтересирана за продолжување на преговарачкиот процес со Украина. -Специјалната воена операција продолжува. Во исто време, Русија го задржува својот интерес за продолжување на преговарачкиот процес со цел да се постигнат целите со кои се соочуваме преку политички и дипломатски средства - рече тој на брифинг за медиумите,одговарајќи...

Состав на комисиите за наградите на 16. „МакеДокс“

Традиционално на фестивалот „МакеДокс“ ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет. Објавата и доделувањето на наградите на „МакеДокс“ ќе се одржи на последниот фестивалски ден на 28 август, во 20 часот, во Куршумли ан. Членови на комисијата...

Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди. Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „Бе-ем-ве“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди...