Учениците од Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
Околу 1.800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и...
Физичка пресметка меѓу две групи во угостителски објект во Неготино
Физичка пресметка имало изминатава ноќ меѓу две групи во Неготино, откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес, пренесува МИА.
- На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите...
Евидентирани вкупно десет пожари на отворено
Вкупно десет пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Четири се активни, три се ставени под контрола, а останатите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Сѐ уште се активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода во општините Гевгелија и Македонски Брод. На Кожуф кај село Петрово гори букова...
Од четврток промена на времето
До среда во земјава ќе преовладува претежно сончево и топло време. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи.
Според најавите, во петок се очекува да дува умерен до засилен јужен ветер, а врнежите на места ќе бидат проследени и со грмежи. Дневната температура ќе започне да опаѓа,...
Дефект на еден од радарите на М-НАВ, се работи на отстранување на проблемот
М-НАВ информираат за МИА дека се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и дека во моментов тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авио - сообраќајот.
-Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и...
Вчера лишени од слобода деветмина возачи поради безобѕирно управување со возило
Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Како што информираат од МВР, според статистичкиот преглед...
„Булмак 2016“ вработува рудари, машинобравари и електричари во рудниците „Злетово“ и „Тораница“
Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, оператор на двата рудници „Злетово“ и „Тораница“, поради зголемување на производството бара нови работници. Со оглед на континуираната потреба од свеж кадар во компанијата, огласот ќе остане активен во текот на целата година.
Потребни се:
рударски работници,
машинобравари и
електричари.
Компанијата за сите вработени обезбедува превоз и топол или ладен оброк, а секој вработен добива и...
Две години условна казна за докторката Мери Пешевска во случајот „Онкологија“
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна докторката Мери Пешевска за тешки дела против здравјето на луѓето во случајот „Онкологија”, кој се однесува на несовесно лекување пациенти и ја осуди на условна казна затвор од две години. Како што кажа судијката Снежана Марковска изрекувајќи ја пресудата, казната од две години затвор на обвинетата нема да се изврши доколку...
Концентрацијата на ПМ 10 честички во воздухот во Трубарево е во рамки на дозволеното, соопштија од МЖСП
Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (ПМ10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.9.2025 во 8.30 часот до 22.09.2025 во 08.30 часот, просечната концентрација изнесува 14,2 микрограми на метар кубен, соопштија од Канцеларијата за комуникација со јавност при Министерство за животна средина и просторно планирање.
Највисоката измерена вредност е 44,1 микрограми на метар кубен, додека моменталното...
Марина Костова е првата македонска филмска критичарка избрана за потпретседателка на ФИПРЕСЦИ
Македонската филмска критичарка Марина Костова е избрана за потпретседателка на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Ова е првпат во 100-годишната историја на ФИПРЕСЦИ филмски критичар од Македонија да биде избран во раководството на една од најстарите професионални организации во светот, што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти.
Изборот на новото раководство со 4-годишен мандат беше...







































