Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра

Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство. Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад...

Во ХЕ „Шпилје” за осум месеци произведени над 113 милиони киловатчасови струја

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, во периодот јануари-август произведени се 113.708.000 киловат часови електрична енергија, што претставува 43 отсто од вкупно планираното годишно производство. - Просечниот дотек на вода во овој период изнесуваше околу 32 кубни метри во секунда, додека дотекот од локалниот слив беше околу 15 м³/сек. Просечната кота на Дебарското Езеро во август беше 571,18 метри,  со што...

Муцунски во Њујорк: Западен Балкан мора да остане стратешки дел од европската иднина

На маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска се одржа првиот состанок на министрите за надворешни работи на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) – настан кој претставува историски момент и потврда за заедничката посветеност кон регионалната соработка, европската интеграција и конструктивниот мултилатерализам. Состанокот беше организиран од страна на Македонија, која ја презеде едногодишната улога на претседавач...

Филипини погодени од супертајфунот Рагаса

Северниот дел на Филипини денеска е погоден од најсилната бура, супертајфунот Рагаса оваа година. Поради разорните ветрови и обилните дождови илјадници луѓе се евакуирани. Поради бурата во Хонг Конг, Тајван и континентална Кина прогласено е високо ниво на приправност. Супертајфунот Рагаса, познат и како Нандо на Филипини, денеска пристигна до островот Пануитан, во северната покраина Кагајан. Според Филипинската метеоролошка агенција,...

Рударството мора да биде двигател на развојот, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претседателот на Македонската асоцијација за рударство (МАР), Диме Петроски, на која беше нагласена важноста од отворен дијалог и партнерство меѓу институциите и рударскиот сектор, со цел воспоставување доверба и создавање конструктивна атмосфера за идната соработка. Петроски, како што информираат од Министерството за енергетика, посочи дека рударската професија...

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ...

Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата, вели Меџити

Воздухот во Трубарево е чист, во текот на денот се чекаат резултатите од испитувањето на почвата што ги прави универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, информира денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. По посетата на Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, прашан за состојбата во Трубарево по пожарот во фабриката за...

Учебниците кои недостасуваат училиштата ќе можат да ги најдат во ПДФ формати на веб-страната на Педагошката служба, вели Јаневска

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците...

Кибер напад на голем број европски аеродроми, соопшти ЕУ

Агенцијата на Европската Унија за кибербезбедност (ENISA) денеска официјално објави дека прекинот во активностите на голем број европски аеродроми, што произлезе од проблеми со системот за електронска регистрација на багаж и регистрација на патници на авионот, е резултат на кибернапад, јавија британските медиуми. - Органите за спроведување на законот истражуваат -, се наведува во соопштението на ENISA. Во меѓувреме, објавено е...

НАТО утре ќе се состане на барање на Естонија

Претставници на 32 земји-членки на НАТО утре ќе се состанат во Брисел на барање на Естонија по руското навлегување во воздушниот простор на оваа балтичка земја, објави денеска функционер на Алијансата. Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори ќе се одржи во рамките на Член 4 од договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закани...