Две екипи од Клиниката за пулмологија ќе вршат скрининг на жителите на Трубарево

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, по неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад. Скринингот ќе се реализира во текот на денов и утре - 24 и 25 септември, информираа вчера во видео изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски. - Скринингот...

Демаскирани блефовите на Софија кон Стразбур, но кој да реагира?

Бугарија ја убедува Европа дека ќе ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и бара прекин на надзорот врз неа Бугарските власти поднесоа до Стразбур извештај за активностите (од јули), тврдејќи дека „сите потребни индивидуални и општи мерки се донесени“, при што Софија побара од Комитетот на министри на Советот на Европа (посветен на следењето на пресудите...

Меџити: Ќе се одземе концесијата на каменоломот во близина на Страчинце

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце, каде што се сретна со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина. Меџити, информираат од неговиот кабинет, ги информираше жителите дека министерството со кое раководи донело негативна одлука за барањето за отворање каменолом...

Пресинг-лобирање заради унапредување и афирмирање на македонските малцински права

Федералната унија на европските националности е организација што дава значајна можност за промовирање на македонските малцински права кај соседите Членувањето во ФУЕН ги зголемува легитимитетот и видливоста на македонското малцинство во Албанија и во Грција на европската сцена, но динамично ја зголемува и веројатноста за видливост на македонското малцинство во Бугарија. Добро упатени лица во оваа проблематика ни посочија...

Зошто бугарските шовинистички кругови сакаа да го убијат Јане Сандански?

Од историските архиви: 117 години од неуспешниот атентат врз македонскиот револуционер во Солун Ликвидацијата на Јане Сандански требало да предизвика ослабување на чистата македонска национална групација. Одлуката за убиство на Јане била донесена уште во март 1908 година, а атентатот не бил случајно извршен еден ден пред одржувањето на закажаниот конгрес. Според проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, нарачатели на овој...

Ѓубре што исчезнува

Свето Тоевски Македонија има повеќе од 20 закони за животна средина и 400 подзаконски акти, има и најнов „Национален план за управување со отпад“ – ама има и повеќе од две илјади диви депонии. Едноставно кажано, не секоја општина, туку секое село и маало ни станаа дива депонија, на која се фрла сѐ и сешто! Се зголемува количеството произведен отпад,...

Цивилизацијата како рана (3)

Записи во несоница Западната цивилизација сама од себе се осветлува, како во својата култура така и со своето варварство на кое, разбирливо, и од наше македонско искуство со неа сме главно фокусирани на овој вториот нејзин елемент. Но тука сега ние, драг читателу, ќе се допреме и до метафизичка Азија за да фрлиме и бочна светлина на неа. Тука мислиме,...

ЕП: Унијата мора да спроведе внатрешни реформи за да се подготви за прием на нови членки

Паралелно со пристапните процеси на кандидатите за членство во ЕУ, самата Унија мора да ги спроведе неопходните внатрешни реформи со што ќе стане поинтегрирана, поефикасна и подемократска, помалку ќе се придржува до консензусот при носење и ќе обезбеди посилна улога на Европскиот парламент. Ова се наведува во Извештајот за институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, што синоќа го...

Рубио за решавање на војната меѓу Русија и Украина: Трпението на Трамп не е неограничено

Американскиот државен секретар Марко Рубио го нарече процесот на решавање на руската војна во Украина можеби најтешкиот предизвик и изјави дека трпението на американскиот претседател, Доналд Трамп, не е неограничено. Рубио, за време на министерскиот состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на Украина, рече дека САД нема да се двоумат да воведат санкции против Русија или да продадат...

Зеленски верува дека Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев е „во позиција“ да ја поврати целата своја територија што ја изгуби од Москва. - Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од...