Зеленски верува дека Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев е „во позиција“ да ја поврати целата своја територија што ја изгуби од Москва.
- Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од...
Времето денес сончево и топло
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до...
Макрон во ОН повика на ефикасен мултилатерализам
Францускиот претседател Емануел Макрон во во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на „ефикасен мултилатерализам“ и предупреди дека не смее да се дозволи да „надвладее себичноста на малкумина“.
- Живееме во парадоксален момент во кој повеќе од кога било ни е потребно да го обновиме духот на соработката кој преовладуваше пред 80 години - рече францускиот претседател, мислејќи на...
Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините
Уставниот суд на денешната 20. седница ќе ги разгледува предметите за Одлуката на Владата со која се утврдува бројот на членовите на советите на општините.
За оваа точка се поднесени три инцијативи. Првата е поднесена од Скендер Реџепи кој наведува дека оспорената одлука создава правна несигурност, бидејќи според него, Владата без законско овластување ја донела Одлуката со која е утврден...
Трамп по средбата со Зеленски: Киев може да си ја врати цела Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинските сили ги надминале сите очекувања во борбата против Русија. Неговите коментари беа дадени за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а потоа дополнително разјаснети во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл.
На состанокот, Трамп истакна дека Украина „врши многу добра работа“...
За жителите на Трубарево потребен е скрининг од пулмолози, порача Алиу
Во оваа фаза е битен скринингот на пулмолози за жителите на Трубарево, но овој процес нема да застане тука, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу.
- После хаваријата имавме и хоспитализирани и третирани граѓани од Брза помош кои живеат во тој радиус каде што се случи пожарот. Оттогаш досега немаме хоспитализирани пациенти, но затоа за да превенираме секаков вид...
Силјановска Давкова: Наместо да нѐ поддржуваат, соседите ни ставаат вето за ЕУ
Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова, обраќајќи се на Годишниот самит на Конкордија, што се...
Девојчето што почина во Клиничката болница во Тетово претходно се лекувало во приватна здравствена установа, вели Алиу
Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово, претходно еден ден било третирано во приватна здравствена установа. Ова вечерва го истакна министерот за здравство Азиу Алиу.
- Ние баравме од Државниот санитарен инспекторат да оди таму, и веќе имаме резултати оттаму, наодот ни е доставен официјално. Утре ќе имаме наша експертска група што ќе ги види од клиничка гледна...
Запрјанов: Бугарија со членство во еврозоната ќе го олесни трговскиот промет во одбранбениот сектор
Членството на Бугарија во Еврозоната ќе овозможи полесен трговски промет за компаниите од одбранбениот сектор, изјави бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов на средба од Националната информативна кампања за воведување на еврото.
Тој истакна дека со тоа трговијата со одбранбени производи ќе се одвива без конверзија на валута во рамките на ЕУ, што ќе ја поддржи интеграцијата во воената соработка,...
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Виена изјави дека Косово мора да ги исполни условите на Европската Унија, во спротивно ќе остане во изолација, пренесе АТА.
На конференцијата „Албанија – нов хоризонт“, Рама го оцени дијалогот меѓу Белград и Приштина под посредство на ЕУ како „голем неуспех“ и истакна дека не е постигнат никаков напредок.
- Тажен сум што нема никаков...







































