Иницијатива со пет точки на Кина и Пакистан за обновување на мирот и стабилноста во регионот на Заливот и Блискиот Исток
Членот на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи на Народна Република Кина, Н.Е. г. Ванг Ји, и заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Исламската Република Пакистан, сенаторот Мохамад Ишак Дар, остварија состанок во Пекинг на 31 март 2026 година, за да ја разгледаат состојбата во регионот на...
Министерство за одбрана објави јавен оглас за прием на 300 професионални војници
Министерството за одбрана објави нов јавен оглас за прием на 300 професионални војници во редовите на македонската Армија, отворајќи можност за вработување на млади граѓани заинтересирани за воена кариера.
Според објавата, кандидатите треба да бидат државјани на Македонија, полнолетни и со соодветна здравствена и физичка подготвеност. Како дополнителни услови се наведуваат завршено средно образование и возраст до 25 години на...
Со далекуводот Битола–Елбасан, Македонија првпат се поврзува со сите енергетски системи во регионот, порача Мицкоски
Со овој проект за првпат мојата држава станува целосно поврзана со сите соседни електроенергетски системи, што значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на поставување камен-темелник на 400 киловати далновод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница.
Тој нагласи дека денес не зборуваме само...
За период од нецели две години вкупното покачување на пензиите е 7.000 денари, вели Мемов
За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година, вкупното покачување на пензиите е 7.000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36 проценти - вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов.
Минималната пензија за овој период, како што посочува Мемов, е зголемена за 61,75 процент, а просечната пензија за...
Вработен во МВР приведен во Скопје: Возел во спротивен правец и им се заканувал на полицајци
С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на Министерството за внатрешни работи, е приведен откако бил фатен како вози во спротивен правец и агресивно се однесувал кон полициски службеник.
Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Димче Мирчев“ во Скопје, каде што полицаец вршел физичка регулација на сообраќајот.
Според информациите од МВР, возачот управувал патничко...
Савески жали за оставката на Ристоска: Одлуките се организациски, не персонални
Јавниот обвинител на Јавно обвинителство, Ненад Савески, изрази жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, нагласувајќи дека нејзиното заминување претставува загуба за институцијата.
Савески информира дека за одлуката бил известен преку СМС порака по поднесувањето на оставката, додека причините за ваквиот чекор ги дознал од медиумите.
- Јавното обвинителство останува без обвинител од кој очекував значаен придонес, особено имајќи го предвид...
Над 26.000 прекршоци за еден месец: Брзото возење доминира, само 70 поминале на црвено
Во текот на март, преку системот „Безбеден град“, биле регистрирани вкупно 26.241 сообраќаен прекршок на подрачјата каде што се поставени камери, информираат од МВР.
Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина – дури 25.230 случаи. Истовремено, евидентирани се 941 прекршок за управување возило со истечена сообраќајна дозвола.
За разлика од тоа, бројот на прекршоци за поминување на...
Претреси на повеќе локации за случај со детска порнографија, МВР и Обвинителството собираат докази
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдија дека во тек е координирана акција за обезбедување докази во предмет поврзан со детска порнографија.
Од Обвинителството информираат дека Основното јавно обвинителство Скопје обезбедило судски наредби за претреси и дека во соработка со полицијата се преземаат активности во рамки на истрагата.
- Повеќе детали во оваа фаза не можат да се споделат –...
Од 2005 година првпат кај нас се организира полагање испити за пловни објекти, рече Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска во Охрид на новите капетани и на опслужувачите на бродови им ги врачи сертификатите за управување со пловни објекти, кои се издаваат преку Капетанијата на пристаништата во Охрид и Министерството за транспорт.
- Од 2005 година првпат кај нас се организира полагање испити за пловни објекти. Заеднички со Капетанијата на пристаништата и...
Училиштето било информирано за семејното насилство во домот на првачето Катја
Училиштето било информирано за семејното насилство во домот на првачето Катја уште на почетокот на учебната година - сведочеше нејзината класна наставничка на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд. Пред судот таа детаљно го опиша однесувањето на Катја, контактите со мајка ѝ Ивана и таткото Стојанче, како и настаните што му претходеле на 2 март, денот кога мајката...








































